Американски бродови кон Сирија, Русија на штрек

Русија ја зголеми борбената подготвеност на црноморската флота, во очекување одмазднички напади против сириската војска, по наводниот напад со хемиско оружје во градот Дума. „Вашингтон пост“ пренесе дека во текот на наредните денови втор американски разурнувач ќе пристигне во Средоземно Море Американски воени бродови се упатиле кон Сирија по наводниот напад со хемиско оружје во градот Дума. Западот ги обвини...

Семејно насилство во Врапчишта, ги истепал мајката и сестрата

Четириесет и шест годишен жител на селото Врапчиште е лишен од слобода под сомнение дека извршил семејно насилство врз неговите мајка и сестра. Според СВР Тетово, С.Р. (72) од гостиварското село Врапчиште, вчера пријавила семејно насилство од нејзиниот син Р.Р (46), кое се случило на 7 овој месец. Според неа, дента околу 15 часот кај нив на гости дошла Ф.С.(41), ќерка...

Бура на Нов Зеланд, над 100 илјади жители без струја

Околу 100 илјади жители останаа без електрична енергија, а поголем број патишта се непроодни откако ледена бура го погоди Нов Зеланд. Најмногу е погоден новозеландскиот град Оукленд, каде властите им советуваа на жителите да останат во своите домови. Ударите на ветрот изнесуваа околу 146 километри на час, уривајќи дрвја, покриви и столбови, што потоа предизвика и прекин во електричното снабдување....

Промоција на „Приказни од Чудновија“ на Матеј Богдановски

Промоција на книгата за деца „Приказни од Чудновија“ на Матеј Богдановски ќе се одржи в четврток, 12 април, во киното „Култура“ со почеток во 20 часот. По стриповите КШШЦ, и Патенталија и Тентелина, ова е негова прва книга за деца, во која низ 17 приказни е претставен еден бајковит свет. Промотор на книгата ќе биде Јана Јакимовска. - Светот на Чудновија почнав...

Комуналното претпријатие „Гази Баба 2007“ почна да работи по пријави од граѓани

Од јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ известуваат дека покрај секојдневните теренски активности, тие почнале да работат и по пријави од граѓаните. Пријавите од граѓаните биле од голема помош за претпријатието и одличен чекор за животната околина во општината Гази Баба да биде чиста и средена за сите. ЈКП „Гази Баба 2007“ ги охрабрува сите граѓаните да испраќаат фотографии од...

Моторциклист тешко повреден во Неготино

Моторциклист бил тешко повреден во сообраќајка што се случила вчера во Неготино, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Тој појаснува дека сообраќајната несреќа се случила на улицата „Партизанска“. - Се работи за сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „даеву тико“ со неготински регистарски броеви управуван од Е.В.(43) од Неготино и моторцикл марка „томос” без регистарски броеви управуван од...

Институциите и граѓаните заеднички ќе го решаваат проблемот со бездомните животни во Аеродром

Од скопската општина Аеродром известуваат дека во изминатиот период воспоставиле комуникација со граѓански активисти што се заинтересирани за волонтерска работа и вклучување во координирани акции заедно со надлежните институции за собирање на бездомните кучиња. Овој начин на работа гарантира хуман третман на животните, а во исто време и ја олеснува работата за лоцирање на бездомните кучиња за кои се...

Кривична пријава за поранешниот директор на АВРМ

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Агенцијата за вработување В.П. (39) од Скопје поради злоупотреба на службената положба и овластување, со што го оштетил Буџетот на Република Македонија за 844.121 денари или 13.725 евра. Како што информира МВР, В.П., како вршител на должност - директор на Агенцијата за вработување на Република...

„Моја скопска приказна“ – конкурс на фотографии инспирирани од автентични скопски фасади

„Mоја скопска приказна“ е отворен конкурс на фотографии инспирирани од фасади на објекти што го дефинираат вистинскиот идентитет на старо Скопје. Идејата на натпреварот е преку фотографирање автентична зграда или куќа да се доловат суштината и оригиналноста на архитектурата и да се претстави единствената приказна за нејзиното постоење. Најдобрите фотографии ќе бидат претставени на изложба во Музејот на современата...