Ученици подготвуваат претстави по свое сценарио и режија
Во рамките на културната манифестација „Гимназијада“, којашто ќе се одржува од 12 април до 11 мај, во „Салонот 19,19“, ќе се одржат осум претстави, а во реализацијата ќе учествуваат ученици од средните училишта, кои заедно со своите ментори-професори, во рамките на проектните активности, подготвуваат претстави по сопствено сценарио, режија, сценографија, костимографија, сценско движење, актерска игра и музика.
- Идејата за...
Сенаторите кои го испрашуваа Закерберг се посрамотија
Сопственикот на Фејсбук Марк Закерберг, пред да се појави на испрашување во Конгресот на САД, своето сведочење го подготвуваше заедно со адвокатска фирма од Вашингтон. Нивната намера била да го подготват Закерберг за сите непријатни прашања кои би можеле да му бидат поставени од страна на сенаторите.
Меѓутоа, Закерберг подобро би се подготвил за сведочењето доколку би разговарал со своите...
„Фридом хаус“ за Македонија нотира ослободување на заробената држава
Македонија, заедно со Естонија и Узбекистан, е посочена како светла точка во најновиот извештај „Нации во транзиција“ на американската невладина организација „Фридом хаус“.
- Најголемата шанса за демократски напредок во Европа денес се наоѓа во Македонија. Иако мала земја, шансата е голема: успех во Македонија би значел крај на една деценија заробена држава и мирно решавање на билатералните спорови што...
Коѕијас од Белград: Направен е напредок кон решение за името
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас денеска во Белград изјави дека е направен чекор напред во решавање на спорот за името и оти за негово затворање е потребен компромис.
- Реализам и прагматизам е клучот на решението. Потребен е компромис, но не гнил компромис. Двете страни мора да разберат дека не можат да добијат се - изјави Коѕијас по средбата...
Трамп му се закани на Путин: Русијо подготви се за нови и паметни ракети
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска преку Твитер и порача на Русија да се подготви за „нови и паметни ракети“ во Сирија.
- Русија вети дека ќе ги собори сите ракети истрелани врз Сирија. Русијо подготви се, затоа што ќе дојдат убави и нови и паметни (ракети) - напиша Трамп на Твитер.
Тој понатаму додаде дека Русија не би требало да биде...
„Проект среќа“ донира опрема за спортски клубови за деца
Здружението „Проект среќа“ почна со акцијата „Здраво шампиони“, која ќе им обезбеди бесплатна спортска опрема и бесплатни членарини во спортски клубови на децата што живеат во социјален ризик. Акцијата беше промовирана неодамна, во рамките на традиционалната женска трка кај фонтаната во Градскиот парк, каде што „Проект среќа“ имаше донаторски штанд. - Проектот го наменивме за сите деца од Македонија...
Битола во мај ќе биде домаќин на познати светски џезери
Битола од 18 до 20 мај ќе биде домаќин на првото издание на фестивалот „Џез-фактори“. Главната програма ќе се одвива на терасата пред Офицерскиот дом, а оф-програмата и работилниците ќе се случуваат во кафе-барот „Камарите“. Организатор на манифестацијата е Сашо Поповски, џез-музичар, професор и шеф на џез-катедрата при музичката академија на универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, во соработка со...
Соработката со Ѓоко Ѓорчев ни отвори многу нови можности
Драго ми е што Ѓорчев, на некој начин, го вовлеков во оперските води, но и тој на некој начин ги смени моите афинитети, па и јас сега открив кај себе една помалку заборавена техника на пеење свинг и џез. Чест ми е што имам можност да соработувам со него и однапред се радувам на нашите идни настапи, вели Палија
Младата...
СЗО бара итен пристап до Дума за да им помогне на жртвите од хемискиот напад
Светската здравствена организација (СЗО) побара пристап до градот Дума во Сирија за да ги провери извештаите дека повеќе од 500 лица се повредени како последица од хемиски напад.
Сириската Влада негира одговорност и употреба на боеви отрови. САД се заканија со моќен одговор на нападот, но Русија соопшти дека тоа е само изговор за напад на нивните сојузници.
СЗО пренесе информација...
Инцидент со турски хеликоптер
Турски хеликоптер прелетал ниско над грчкиот остров Ро, на што претставници на грчката војска одговориле со истрели во воздух за да го натераат леталото да се оддалечи. Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчкото Министерство за одбрана засега официјално не го потврди инцидентот.
Сепак, извори од Министерството за грчката телевизија Скај го потврдиле настанот што се случил прексиноќа...






































