Океани од емоции на концертот на Јелена Томашевиќ
„Нема да верувате, ама ова е мој прв солистички концерт во Mакедонија и се надевам дека отсега ќе се гледаме почесто“... Со овие зборови српската пејачка Јелена Томашевиќ ја поздрави завчеравечер публиката што до последното место ја наполни салата на МОБ. Еден од најдобрите женски вокали на Балканот, пред скопјани, во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет,...
За „Морчиба“ неколкуилјадна, за Рундек помала но верна публика
Теренот на стадионот на АРМ во Градскиот парк беше преполн со публика, дојдена да ужива во песните на „Морчиба“, бенд што по настапот 2016 година на „Таксират“ доаѓа вторпат во Скопје, а тоа музичарите и го спомнаа на почетокот на свирката, велејќи дека им е драго што повторно се во нашиот град
Втората фестивалска вечер на „Скопје колинг“ почна со...
Лидија Саздовска изложи слики од 40-годишниот опус
Избор од 105-те дела најверојатно ќе види и публиката во Прилеп и во Велес
Ликовната уметница Лидија Саздовска претстави голем дел од своето 40-годишно сликарско творештво на ретроспективна изложба во Музејот на градот Скопје, која заврши вчера, а беше отворена на 13 јуни. Таа презентира 105 дела од циклусите: „Меланхолија“, „Летно попладне“, „Медитација“, „Љубов“, „Записи“ и „Ликови “
- Генерално сум...
Симпозиум за српскиот театар во Македонија
Во рамките на истражувачкиот мегапроект „Европската драма и театар во Македонија“ на универзитетот ЕСРА и на Танцовата академија - Скопје - Париз - Есен - Ротердам, денеска и утре со почеток во 12 часот во големата аула ќе се одржи симпозиум на темата „Српската драма и театар во Република Македонија од 1945 до денес“. На симпозиумот ќе учествуваат триесетина...
„Орнаментите како пејзажен знак“ – изложба во Прилеп
Во ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп во тек е ликовниот проект „Орнаментот како пејзажен знак“ на уметникот Атанас Атанасоски. Идејата, вели уметникот, сѐ надоврзува на претходните изложби во кои концепцијата се темели на монохромијата, минимализмот, математиката - геометријата (линии, форма, структура, боја). Целта е барање на естетиката на хармонизирање на соживотот помеѓу човекот и природата.
- Играта...
Велески петти на Европското првенство за шахисти-аматери
Македонскиот ФИДЕ-мајстор (ФМ) Роберт Велески го освои петтото место на Европското првенство (ЕП) во шах за играчи-аматери со рејтинг до 2.300 поени, кое се одржа во црногорскиот град Никшиќ, во девет кола.
Во конкуренција на 55 шахисти (8 ФМ, 2 ЖФМ, 1 КМ), Велески (рејтинг 2.225 поени, петти пред почетокот), освои 6 поени (пет победи, две ремија, два пораза) и...
„За животните и луѓето“ – поглед на нашиот заеднички свет
Етнографскиот музеј од Загреб со комплексната изложба отворена и во Скопје, првпат научно и стручно ги тематизира интеракциите на животните со човекот во културолошка и во општествена смисла
„За животните и луѓето“ е насловот на изложбата на Етнографскиот музеј од Загреб, која е отворена во втората половина на мај во Музејот на Македонија и ќе може да се погледне до...
На судењето за „Монструм“ се гледа снимката од заштитениот сведок Хаки Азири
Во судница во Кривичниот суд во моментов се гледа аудио и видео снимка од испрашувањето на заштитениот сведок Хаки Азири од 7 мај 2012 година.
Претходно на прашања од обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи одговараше сведокот Ахмет Бекир, кој на минатото рочиште додека сведочеше за петкратното убиство кај Смилковако езеро се онесвести.
Пред судот тој конфузно раскажуваше за денот на убиството....
Пронајдена автоматска пушка кај жител на село Черкези
Автоматска пушка и рамка со куршуми се пронајдени во домот на Б.И., 38-годишен жител на село Черкези, Кумановско, по извршен претрес со судски налог од страна на полицијата.
Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Б.И. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки...
Шилегов: Проблемот со загадувањето на воздухот го решаваме континуирано
Град Скопје работи на решавање на проблемот со загадувањето и во летниот период кога никој не ги чувствува последиците од загадениот воздух во Скопје. Еден по еден ги елиминираме причинителите за загадувањето во градот, изјави градоначалникот Петре Шилегов.
Град Скопје преку ЈП Комунална хигиена ја расчисти дивата депонија која подолг временски период беше една од причините за загадувањето.
-...







































