Грчката преговарачка страна нѐ носи на тенок мраз

Според експертите по уставно право, за државно име во меѓународното право одлучуваат единствено граѓаните/државјаните на државата, а не други држави или ООН. Оттаму невозможно е да се реализира тоа што го бара Грција ако доследно се почитува меѓународното право И неколку дена по последната рунда разговори во Охрид помеѓу шефовите на дипломатиите Никос Коѕијас и Никола Димитров, во домашната јавност...

Општества во криза раѓаат насилни деца

Реакциите од последното соочување на македонското општество со најординарната форма на врсничко насилство - две девојчиња, деветоодделенки во училиште во Неготино, брутално тепаат трето девојче, додека нивните соученици гледаат, навиваат и снимаат - не стивнуваат, иако од објавувањето на снимките на Јутјуб се поминати и повеќе од три дена, колку што обично сме навикнати да трае секое „чудо“ Не постои...

Маратонците го трчаат деветтиот круг

Европската комисија повторно препорачува отворање на пристапните преговори со Македонија, а извештајот за напредокот на Македонија е меѓу попозитивните во овој пакет на Брисел, кој, како што стои во извештајот, „јасно ја препознал политичката волја за напредок“ Република Македонија очекува чиста препорака од страна на Европската комисија во својот годишен извештај што треба да се објави денеска, a со кој...

Макрон: Локалните заедници кои прифаќаат бегалци да бидат помогнати од посебен фонд на ЕУ

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска предложи формирање Фонд на ЕУ за поддршка на локалните заедници кои прифаќаат бегалци. Како што јави АФП, ваквиот предлог на Макрон се смета за обид за надминување на проблемот со бегалците, кој важи за едно од политички најжешките прашања со кои се соочува Унијата. - Предлагам создавање на Европска програма преку која директно финансиски ќе бидат...

Родителите на убиените ги бараат доказите за „Монструм“ од Заев

Доказите кои премиерот Зоран Заев ги покажал на родителите на децата кои беа убиени кај Смилковското Езеро во 2012 година, да ги достави до судот, денеска побара Горан Наќески, таткото на убиениот Александар Наќески, по одложувањето на рочиштето. - Кога бев кај Заев ни вети дека ќе ги даде петте државни тајни, односно тоа се транскрипти од броеви на финкционери...

Кувелис: Можен е „жежок инцидент“ во Егејското Море

Грчкиот заменик-министер за одбрана Фотис Кувелис смета дека во Егејското Море има „студена војна“ со Турција, поради постојаните нарушувања од нејзина страна на грчкиот воздушен и поморски простор, и не ја исклучува можноста за „жежок инцидент“ во регионот, пишува онлајн изданието на весникот „Прото тема“. - Лесно е еден инцидент да прерасне во жежок - изјави заменик-министерот во интервју за...

Џејмс Коми: Трамп е морално неспособен за претседател

Американскиот претседател Доналд Трамп е морално неспособен да управува со земјата, порача поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми. - Не верувам во тие истории дека тој e ментално некомпетентен или дека е во прв стадиум на деменција. Сметам дека тој е морално неспособен да биде претседател - изјави Коми, кого Трамп го смени од функцијата во мај 2017 година,...

Забранет риболовот во периодот на природен мрест на рибите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе решение за забрана за риболов во риболовните води во периодот на природен мрест на рибите за оваа година. Забраната се однесува на риболовните подрачја, риболовните ревири и рекреативните зони, а периодот на забрана е различен за секој вид риба. Забраната за вршење риболов во период на мрест е предложена од концесионерите за да се...

Дипломатска офанзива за поддршка на нападите во Сирија

Со нацрт-резолуцијата на САД, Британија и Франција се бара од ОН да се обидат да го заживеат преговарачкиот процес, да прифатат примирје и да овозможат хуманитарен пристап до областите под опсада. Целта е да се покаже дека западната воена интервенција е дел од пошироката политичка и дипломатска стратегија за целосно уништување на хемиското оружје во Сирија, пишува „Гардијан“ Западните земји...

Јункер: На Западен Балкан му треба европска перспектива заради избегнување војна

Европската унија има потреба да прими нови членки од Западен Балкан со цел да се избегне ризик за нова војна во регионот, изјави денеска шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер во Европскиот Парламент. - Ако не им дадеме на државите од Западен Балкан нова надеж за членство во ЕУ, ризикуваме да ги обновиме војните од 90-тите години - изјави...