На Јанкулоска за „Тенк“ ќе ѝ се суди во одвоена постапка
Кривичниот суд денеска донесе одлука да ја раздвои постапката за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е обвинета во случајот на СЈО „Тенк“, што се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.
Јанкулоска не дојде на денешното рочиште за „Тенк“, за што одбраната до Судот достави лекарска потврда, во која е наведено дека има „ризична бременост“.
Откако направија...
Заев-Харадинај: Земјите од регионот да продолжат со реформите
Извештаите на ЕК се реални и охрабрувачки. Сега останува на земјите од регионот да продолжат со реформите со поголема инклузивност за посеопфатна реализација на сите препораки во процесот на евроинтеграција.
Ова е заедничката констатација на претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и премиерот на Република Косово Рамуш Харадинај за време на средбата одржана на маргините на „Дигиталниот Самит...
Могерини во Тирана: Препораката е победа за сите
Добиената препорака од Европска комисија(ЕК) е победа за сите, но има уште да се работи, бидејќи почетокот на преговорите бара дополнителни ангажирања, порача денеска Висока претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини, која престојува во Тирана.
Таа на заедничката прес конференција со албанскиот премер Еди Рама високо ја оцени улогата на Албанија во регионот и додаде дека препораката за...
Албанија и Косово стануваат дел од регионалната иницијатива за намалување на цените на роамингот
Албанија и Косово се приклучуваат кон регионалната иницијатива на четирите држави од Западен Баалкан за намалување на цените на роамингот. Поконкретни информации околу намалување на цените на роамингот се очекуваат на самитот во мај во Софија.
- Среќни сме што кон нашата регионална иницијатива, која почна меѓу четири држави, сега сакаат да се приклучат и Албанија и Косово, и што...
Промовирана нова е-алатка за издавање на транспортни дозволи
ПристАПП транспорт е новата електронска алатка преку која во иднина ќе се издаваат транспортните лиценци и дозволи, а со чија промоција беше означено отворањето на Експо саемот на ИКТ фирми што се одржува паралелно со Дигиталниот саем за Западен Балкан чиј домаќин денеска и утре е Македонија.
Софтверското решение ќе се изработува согласно повикот што денеска го објави Фондот...
Концертна претпромоција на новиот албум на „Темпера“ во „Станица 26“
Во клубот „Станица 26“, вечерва, со почеток во 21 часот, во организација на продукцијата „3 гонга“, концерт ќе одржи македонската група „Темпера“. Членовите на групата ветуваат одлична свирка, на која ќе ги изведат песните од нивниот албум „Играј“, а премиерно ќе ја исполнат во живо нивната нова песна „Не застанувај“, за која неодамна направија и видеозапис, како и песни...
Кривична за малолетник кој со нож повредил врсник
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишен малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
Според МВР, малолетникот со нож му нанел убодна рана на својот врсник, Ф.Р.
Немилиот настан се случил на 10 април годинава околу 13 часот, во двор на скопско средно училиште.
Шест танчерки затекнати во објект во Форино
Шест танчерки затекнала полицијата синоќа во објект во гостиварското село Форино.
Како што соопшти МВР, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект во с.Форино-гостиварско, сопственост на Р.Б. од Добридол. Притоа, во објектот биле затекнати шест лица ангажирани како танчерки, од кои една од Република Албанија и пет од Република Македонија.
Сите биле приведени во Полициската станица Гостивар.
Трибјут-бендот „Брит Флојд“ во ноември во Скопје
По настапите пред повеќе од милион обожаватели низ целиот свет, на 14 ноември во арената „Борис Трајковски“ публиката ќе има можност да ужива во настапот на еден од најдобрите трибјут-бендови на светот - „Брит Флојд“.
Членовите на групата се посветени на тоа да го оживеат култниот бенд „Пинк Флојд“ со секоја нота и секој потег, поради што заслужено се сметаат...
Протекувањето на информациите не го намали бројот на корисниците на Фејсбук
Бројот на оние што ги избришале своите профили е сосема занемарлив и компаниите, освен неколку исклучоци, како на пример „Плејбој“, продолжија да ја користат оваа мрежа и да се рекламираат на неа како и претходно
Фејсбук-корисниците не ја загубија довербата во оваа социјална мрежа, ниту по скандалот со неовластеното користење на податоците на повеќе од 50 милиони луѓе, па, така,...







































