Базен во дворот – идеална летна релаксација
Доколку сте љубител на пливањето или на одмарањето покрај базен, веројатно сте си замислувале еден ден да имате свој базен. Меѓутоа, ако дворот ви е мал, базенот изгледа како недостижен сон.
До неодамна базените кај нас беа луксуз што можеа да си го дозволат само оние со подлабок џеб. Но денешната современа технологија и едноставниот начин на изградба на базените...
Девет репрезентации без пораз
Белгија, Хрватска и Уругвај се единствените репрезентации што со максимален ефект од по три победи се пласираа во осминафиналето на фудбалското Светско првенство во Русија.
Тие освоија по девет бода, а селекции што со најмалку бодови се пласираа меѓу 16-те најдобри се Јапонија и Аргентина, со по четири бода. Покрај Белгија, Хрватска и Уругвај, без пораз во следната фаза се...
Ограбен таксист во Чаир
Во скопската населба Чаир, синоќа пред полноќ, со огнено оружје е ограбен таксист, кој настанот го пријавл во полициска станица.
Вчера околу 22,40 часот од страна на М.Г. (36) од Скопје е пријавено дека на улица "Методија Митевски" во Скопје додека чекал патници на такси станицата се качило непознато лицекое побарало да го одвезе до одредена локација со населба Чаир.
Откако...
Жолти картони за пласман
Јапонија се пласира во осминафиналето на фудбалското Светско првенство во Русија, благодарение на фер плејот. Во групата Х, репрезентациите на Јапонија и на Сенегал беа израмнети според сите критериуми и имаа ист број бодови, по четири, потоа идентична гол-разлика, 4-4, и реми, 2-2, во нивниот меѓусебен скор.
Според правилата, за да биде одреден пласманот беше консултирана табелата за фер плеј,...
Георгиевски се враќа со сребро
Зоран Михајлов
специјално од Тарагона за „Нова Македонија“
Македонскиот и европски шампион во таеквондо Дејан Георгиевски беше на прагот на освојување на златниот медал на Медитеранските игри (МИ) во Тарагона (Шпанија), но во финалната борба се чувствуваше заморот од трите квалификациски меча и беше поразен од Шпанецот Даниел Рос Гомез, со 9-24. Така, Георгиевски во колекцијата од пет медали за Македонија,...
Измерена највисоката ноќна температура досега во светот
Во оманскиот град Куријат неодамна е регистрирана највисоката ноќна температура во историјата, кога се измерени 42,6 степени Целзиусови.
Податокот е од 26 јуни, а станува збор за највисока температура во период од 24 часа во Куријат, кој има 50.000 жители.
И претходниот таков температурен рекорд е забележан во Оман, на аеродромот во Касаб, 600 километри од Куријат, во близина на границата...
Европа и Јужна Америка и понатаму доминираат
Во нокаут-фазата на СП во Русија се пласираа 10 европски репрезентации, четири јужноамерикански и по една од Азија и од Северна Америка. Првпат по СП 1982 во осминафиналето нема африканска селекција. ВАР го положи испитот, а на 48 натпревари беа досудени рекордни 24 пенали
Десет од 14-те европски фудбалски репрезентации, четири од петте јужноамерикански и по една од Азија и...
Телефонските разговори откриле планирани терористички напади на уапсените Косовци
Четворицата Косовци, кои беа уапсени вчера, тројца во Косово и еден во Германија, планирале терористички акции во Косово, но и во други земји, а нивните планови биле окриени по неколкумесечна истрага, која вклучувала и прислушување на нивните телефонски разговори, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Весникот „Коха Диторе“ во денешното издание открива дека, според налогот за притвор на приштинскиот Основен...
На Водно утре ЕП во планинско трчање
На падините на Водно утре ќе се одржи 17-то Европско првенство (ЕП) во планинско трчање, во сениорска и во младинска конкуренција. На првенството, прво во Македонија од ваков вид, ќе настапат 254 натпреварувачи од 29 земји, меѓу нив и од Македонија.
Боите на Македонија ќе ги бранат Весна Кираџиева, Адријана Поп Арсова, Миљана Ристиќ, Атанас Анчевски, Александар Кирковски, Марјан Бонев,...







































