Чилиќ подготвен за освојување на трофејот на Вимблдон
Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ истакна дека е полн со самодоверба пред почетокот на Вимблдон. Чилиќ, кој сега се наоѓа на петтата позиција на АТП листата, неодамна ја освои титулата на турнирот во Квинс, откако во финалето го совлада најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ.
- Фактот дека Енди Мареј и Рафаел Надал триумфираа на Вимблдон, откако претходно ја освоија титулата...
Делф го напушта Мундијалот, раѓањето на детето поважно од фудбалот
Англискиот репрезентативец Фабијан Делф го напушта Светското првенство во фудбал во Русија и се враќа во Велика Британија, бидејќи неговата сопруга наскоро ќе се породи.
- Не постои ништо поважно од семејството. За мене, тоа е секогаш на првото место. Му благодарам на селекторот Герет Саутгејт за разбирањето - истакна Делф по одлуката да замине од кампот на англиската репрезентација.
Делф...
Двајца Палестинци загинаа во судир со израелската армија во Појасот Газа
Двајца Палестинци загинаа, а над 400 се повредени откако израелската армија отвори оган и употреби солзавец за да ги растера демонстрантите долж границата со Појасот Газа.
Меѓу загинатите е и 14-годишно момче, додека меѓу повредените 133 имаат рани од огнено оружје, соопшти Министерството за здравство во Газа.
Тинејџерот бил застрелан во глава, додека 24-годишниот маж имал смртоносна рана во стомакот....
Деветстотини илјади евра за управување со органски отпад
Околу 900.000 евра, или поточно 898.853 евра „тежи” прекугарничниот проект за управување со органски отпад.
Овој проект од ИПА програмата за прекугранична соработка во наредните две години заеднички ќе го реализираат јавното претпријатие „Комуналец” од Битола, „Комунална хигиена” од Новаци и движењето за околина „Молика” од Битола, а од грчка страна како партнери на проектот ќе учествуваат „Диадима С.А.” од...
Присуството на кокаин во водите ги загрозува јагулите
Остатоци од дрога - кокаин, екстази и амфетамин - се наоѓаат во многу реки низ Европа, вклучувајќи ја и Темза, се наведува во нови истражувања, а научниците од Европскиот контролен центар за зависност од дроги откриле дека Лондон има најголема концентрација на кокаин во канализацијата.
Траги од дрогата има во реките поради исфрлање од телото на зависниците, поради што се...
Јункер: Односите ЕУ – САД би можеле да бидат помалку драматични
Односите помеѓу Европска унија и САД би можеле да бидат помалку драматични, изјави денеска претседателот на Европска комисија, Жан-Клод Јункер.
Неговата изјава е коментар на обидите на Вашингтон да постигне билатерални договори со земјите членки на ЕУ, а не со Унијата.
Јункер најави дека следниот месец ќе престојува во Вашингтон, каде ќе го изложи ставот на ЕУ за трговијата. Тој додаде...
Трамп му предложил на Макрон Франција да излезе од ЕУ
Американскиот претседател Доналд Трамп му предложил на францускиот колега Емануел Макрон, Франција да излезе од Европска унија и да склучи билатерален трговски договор со САД, објави денеска „Вашингтон пост“.
- Зошто не ја напуштиш ЕУ?, го прашал Трамп францускиот претседател за време на неговата посета на Белата куќа во април, наведува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на двајца неименувани европски претставници.
Трамп...
Дејан Илиев го продолжи договорот со Арсенал
Македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев останува во дресот на Арсенал, откако клубот потврдил дека македонскиот голман го продолжил договорот за уште две години.
Илиев на „Емирати“ дојде од струмичка Брегалница.
Македонскиот голман имаше одлична сезона во Арсенал и стандардно бранеше во младинскиот У23 тим со кого ја освои шампионската титула во развојната лига до 23 години.
Османи: Скрининг процесот почнува на 17 јули
По децении чекање, веќе имаме датум за почеток за преговори со Европската унија. На 17 јули еврокомесарот за проширување Јоханес Хан најави дека доаѓа во Скопје и тогаш формално и ќе го започнеме скринингот, што е предуслов за отворање на преговорите, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во интервју од Брисел за емисијата „Топ тема на ваша страна“...
Холандија бара конкретни резултати од Албанија во борбата против криминалот и корупцијата
Холандија, преку својата Амбасада во Тирана, побара од албанските власти поконкретни резултати во борбата против криминалот и корупцијата.
Честитајќи и на земјата за напредокот и реформите, како што се наведува во денешното соопштение од Амбасадата, сега постои водич за продолжување на патувањето до јуни 2019 година.
- Подготвени сме и понатаму да соработуваме со Албанија за клучните реформи. Време е за...






































