Фити: Оставрлив е економски раст од 3,2 отсто годинава

Остварлива е стапката на економскиот раст на земјава од 3,2 отсто за оваа година, иако ММФ и Светска банка деновиве излегоа со проекција дека годинава економскиот раст ќе биде 2,8 отсто - смета претседателот на Македонската Академија на Науките и уметностите Таки Фити. Фити вели дека по надминување на политичката криза полека почнале да растат инвестициите и личната потрошувачка. -Многу е...

Тунелот

Лакомоста прави оној што не може да носи две лубеници под една мишка, и покрај двете мишки да не остане ниту со една резанка! Им го покажа најсветлиот пат, па затоа се растурија од плаќањето за струјата! Толку долго беа во тунелот, што кога го здогледаа светлото на неговиот крај ослепеа! Ако ни ги мачкаат очите, барем тоа да не ни го...

Од стан во Ѓорче Петров украдени пиштол, пари и накит

Златен накит, пари, пиштол „Брунер чешка зброевка - Компакт“ калибар девет милиметри и рамка со 14 куршуми, се украдени вчера од стан во Ѓорче Петров. Полицијата соопшти дека случајот го пријавил сопственикот на станот З.Р. (52). По кражбата сторителот го напуштил местото на настанот, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 184.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Интелектуалци

ОВАА СЛИКА НЕ ЈА СТАВАЈТЕ НЕ ЈА ПОВЛЕКУВА ФЕЈСБУК
Сартр со право вели дека должноста на интелектуалецот е секогаш да биде против власта колку и да е идеална таа, што е своевиден парадокс. Зошто против? За да биде нејзин буден коректив, да не се расипе, оти таа од сè е најподложна на расипување. На смрдеа од која другите се задушуваат, но не и таа. Расипливоста, не само на...

На Јанкулоска ќе ѝ се суди одвоено за „Тенк“ поради ризична бременост

Поранешната министрка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска не дојде на денешното рочиште за случајот „Тенк“, за што одбраната до Судот достави лекарско оправдување, во кое е наведено дека има „ризична бременост“. Одбраната побара да се одложи рочиштето, на што се спротивставија обвинителите од СЈО и побараа раздвојување на постапката за Јанкуловска. Судијата Добрила Кацарска даде пауза за да одлучи по барањето...

Џафери: Сега треба да се имплементираат реформските закони

Извештајот е позитивен, безусловен со препорака за определување датум за почнување преговори за членство во ЕУ. Ова е достигнување на сите во Република Македонија, а посебно на граѓаните кои стрпливо дадоа поддршка за сите напори кои беа преземани од политичките партии, Собранието и Владата. Ова го истакна претседателот на Парламентот Талат Џафери по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан, кој нему...

Кога сите се правиме на Тошо за јазикот

Шегата настрана, во целата ситуација повторно македонскиот јазик на сметка на некој друг јазик, полека но сигурно се маргинализира. И иако овој пат се работи за ситуација во која бизнис-интересите се ставаат во преден план, за разлика од политичките тенденции за албанскиот јазик проткаени во Законот за употреба на јазиците, сепак ваквата појава заслужува внимание бидејќи влогот на македонските...

За кражба на бакар спуштиле трансформатор од пет метри височина

За да украдат бакар, крадци демонтирале трансформатор поставен на столб висок пет метри во месноста Врбенски манастир близу детското одморалиште Бунец во Мавровскиот регион, соопшти денес СВР Тетово. Кражбата ја пријавил 57-годишен вработен во јавната установа Илиден која стопанисува со одморалиштето и чија сопственост бил трансформаторот. - Кражбата се случила во периодот помеѓу 12 и 17 овој месец. Засега непознати...

Се гради параклис за тетовската црква „Света Богородица“

Тетовската црква „Света Богородица“ добива параклис. Објектот е изграден со помош на донации на верници, а се реализира по првична идеја за помошен објект за палење свеќи. - Црковниот одбор, по добиените препораки од ликовни експерти, дека горењето на свеќите во внатрешноста на црквата не е добро за фреските, минатата година реши да започне со градење помошен објект. Со благослов...

Нетранспарентноста ги поскапува и ги забавува инфраструктурните проекти

Инфраструктурните проекти нема да се одолжуваат и за нив ќе нема дополнителни трошоци доколку при одлучувањето навреме се вклучи јавноста, порачаа учесниците на регионалната конференција „Јавна инфраструктура во Југоисточна Европа - во чиј интерес“, на која беа претставени примери на инфраструктурни проекти во државите од регионот без транспарентни постапки. Соња Ристеска, еден од авторите на студијата за инфраструктура во ЈИЕ...