Раст на бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година бележи раст од 8,9 проценти, додека за петте месеци од годинава во однос на првите пет месеци лани зголемување од 7,5 проценти, објави Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен во мај 2018 година, во однос на мај...

Мултимедијалниот перформанс „’Ртулци“ во Кавадарци

Презентација на продукцијата „’Ртулци“, мултимедијален перформанс, ќе се одржи вечерва, во 20 часот, во домот за културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци. Дваесет и три млади танчари, кореографи, костимографи, композитори, визуелни уметници ќе го претстават своето прво заедничко дело изродено од програмата „Инкубатор“. „‘Ртулци“ е првата продукција на оваа културна програма, создадена и во изведба на младите уметници што...

Разговор со хрватскиот писател Драго Гламузина

Издавачката куќа „Готен“, во рамките на проектот „Читајќи го Балканот“, организира разговор со хрватскиот писател Драго Гламузина. Разговорот ќе се одржи вечерва, во 20 часот, во „Кино култура“. Разговорот ќе го води Владимир Јанковски. Драго Гламузина во текот на јуни е гостин на резиденцијалната програма за писатели и преведувачи на издавачката куќа „Готен“, која е дел од проектот „Читајќи го...

Слика на Лусијан Фројд продадена за 29 милиони долари

Сликата на познатиот британски уметник Лусијан Фројд, „Портрет на бела прекривка“, е продадена за 29 милиони долари на аукција во куќата „Стоби“ во Лондон. Фројд, кој почина во 2011 година, оваа слика, односно женски акт, ја насликал кога имал 80 години. На неа е прикажана Софи Лоренс, работничка во галеријата „Тејт“, која Фројд ја запознал кога работела на ретроспективата...

Вардар и Металург ги добија противниците во Лигата на шампионите

Македонскиот шампион Вардар и екипата на Металург ги добија противниците за групната фаза во ракометната Лига на шампионите, за сезоната 2018/2019. „Црвено-црните“ се најдоа во групата А заедно со Киелце (Полска), Барселона (Шпанија), Мешков Брест (Белорусија), Веспрем (Унгарија), актуелниот шампион Монпелје (Франција), Кристијанштад (Шведска) и Рајн Некар Левен (Германија). Во групата Б се тимовите на ПСЖ, ПИК Сегед, Мотор Запорожје, Флензбург,...

Ноќна романса за Кочо Рацин во Скопје

Со „Ноќна романса за Кочо Рацин“ вечерва, со почеток во 20 часот, на платото пред националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, ќе бидат одбележани два јубилеја на поетот Кочо Рацин: 110 години од раѓањето и 75 години од неговата смрт. - Љубителите на поезијата на Рацин, особено на љубовната поезија, ќе имаат исклучителна можност на изложба да...

Најавени проекти за подобрување на водоснабдувањето и патната мрежа во Кавадарци

Ќе се подобрува водоснабдувањето во Кавадарци со проект на КФВ банката за што се очекува на наредната седница на Владата да помине одлуката и врз основа на тоа да се склучи договор меѓу банката и Министерството за транспорт и врски, за да може да се користат парите.   Планираните активности беа тема на денешната средба на министерот за транспорт и врски Горан...

Објавен романот „Во темнината“ од чешката писателка Ана Болава

Издавачката куќа „Македоника литера“ деновиве го објави романот „Во темнината“ од чешката писателка Ана Болава, во превод од чешки јазик на Јасминка Делова-Силјанова. Оваа книга е наградена со највисоката книжевна награда во Чешка, „магнезија литера“, за проза за 2016 година. Романот е лелеава приказна за билките. Во него е раскажана приказна за осамена и болна жена, која цел живот е...

Повеќе најави отколку реални проекти за Попова Шапка

Пристигнувањето до зимскиот центар Попова Шапка, во било кој период од годината, претставува еден предизвик, со оглед на оштетениот коловоз кој води дотаму, како и на улиците низ викенд населбата и хотелите. Делницата од Тетово кон Попова Шапка на одредени места се стеснува и поради појави на свлечишта на земјата, оштетувања на асафлтната маса, како и дупки. Во уште полоша...

„Илузиум“ е вистинското место за бегство

Во Музејот на илузии фотографирањето не само што е дозволено туку е и потребно Новоотворениот и прв во Скопje и во Македонија, музеј на илузии „Илузиум“ е вистинско освежување во забавната и културната понуда на градот. Сместен на три нивоа, со кафуле во кое можат и децата и возрасните да сложуваат дрвени сложувалки и со модерна сувенирница, овој музеј уште...