Ем-ти-ви наградите се враќаат во Њујорк
Ем-ти-ви видео музичките награди по една година помината во Калифорнија се враќаат на американскиот источен брег во Њујорк.
Ем-ти-ви соопшти дека свеченоста за доделувањето на Видео музичките награди за 2018 година ќе се одржи на 20 август во Радио сити мјузик хол во Њујорк.
Минатата година свеченоста се одржа во Инглвуд во Калифорнија, а една година претходно во Медисон сквер гарден...
Летовите на „Ер Франс“ и понатаму нарушени поради штрајк
Железничкиоот сообраќај ширум Франција и летовите на авиокомпанијата „Ер Франс“ и денеска се нарушени поради штрајкови.
Францускиот претседател Емануел Макрон претходно најави дека протестите нема да го спречат да ја реформира француската економија.
Железничарите го продолжија штрајкот кој има за цел периодично нарушување на сообраќајот се до јуни.
Државната железничка компанија СНЦФ соопшти дека е активен секој трет брз воз.
Вработените се незадоволни...
Во Турција останува во сила вонредната состојба
Турскиот Парламент денеска донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во државата за уште три месеци, по предлог на Советот за национална безбедност на Турција.
Ова е шесто продолжување на вонредната состојба во Турција, по обидот за пуч во јули 2016 година.
Денешната одлука значи дека предвремените претседателски и парламентарни избори, што турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ги најави за...
Кралицата Елизабета остана без нејзиното последно корги, сега чува „дорги“
Угина последниот преостанат пес од расата корги на британската кралица Елизабета Втора, со што таа првпат не поседува куче од овој вид, уште од Втората светска војна, пишува „Гардијан“.
Песот Вилоу мораше да биде успиен на негова 15-годишна возраст. Ова куче беше 14-та генерација, која потекнува од коргито Сузан, што ѝ беше подарено на тогашната принцеза Елизабета за нејзиниот 18-ти роденден,...
Директорот на ОПЦВ го отфрли тврдењето на Русија за друг агенс
Генералниот директор на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) Ахмет Узумџу денеска го отфрли тврдењето на Русија дека во англискиот град Солсбери, каде беа затруени рускиот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, биле пронајдени траги од друг нервен агенс, а не од рускиот „Новичок“.
Велика Британија, за труењето кое се случи на 4 март, ја обвинува Русија,...
Могерини и Заев домаќини на неформална вечера со премиерите од Западен Балкан
Премиерот Зоран Заев и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини се домаќини на неформалната вечера со премиерите од Западен Балкан во Скопје на која присуствуваат претседателите навладите на Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, Еди Рама, Ана Брнабиќ, Рамуш Харадинај, Душко Марковиќ и Денис Звиздиќ.
Учесниците...
Шутова не отпатува во Струмица на првиот полуфинален плејоф-меч
Одбојкарите на Шутова не отпатуваа на првиот полуфинален плејоф натпревар што требаше денес да се одигра во Струмица со почеток во 17 часот, каде како домаќин беше истоимената екипа од овој град. Кичевскиот прволигаш уште во неделата се обратил до структурите на ОФМ за да им излезе во пресрет првиот плејоф натпревар да се одигра во друг термин, или...
Тереза Меј претрпе пораз во Домот на лордовите за законот за Брегзит
Британската премиерка Тереза Меј денеска претрпе пораз во горниот дом на Парламентот, Домот на лордовите, кој не го прифати нејзиниот Предлог-закон за Брегзит, со кој се предвидува Велика Британија по напуштање на ЕУ, да излезе и од европската Царинска унија.
Домот на лордовите со 348 гласови „за“ и 225 „против“, го прифати амандманот на Предлог-законот на Меј, со кој се...
Османи: Препораката од ЕК е валоризација за направеното
Чистата препорака од Европската комисија до Советот за започнување на преговори е валоризација за направеното во овој период, меѓутоа тоа што е најважно е дека Македонија е друга држава после помалку од една година.
Ова вечерва го истакна вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи во емисијата Топ Тема на телевизијата Телма.
- Денеска е ден на сите граѓани на Република Македонија,...
Шкендија на чекор до титулата по триумфот во дербито
Фудбалерите на Шкендија го совладаа Вардар со 3-2 во Скопје, во 28-то коло од Првата лига, и се доближија на чекор од освојување на шампионската титула.
Бесарт Ибраими со гол во шестата минута донесе водство од за Шкендија, но потоа Вардар ја презеде иницијативата. Со голот на Бојан Колевски во 42 минута израмни, а на почетокот на второто полувреме Ховханес Хамбарџумјан...







































