Застрелан возачот на албанскиот министер за внатрешни работи

Во службеното возило, во гаражата на албанското Министерство за внатрешни работи, утрово е пронајден застрелан Шкелзен Ќордја (31), возач на министерот Фатмир Џафај, инаку вработен во Националната гарда. Како што се наведува во полициското соопштение, утрово во 09:30 часот го пронашле припадници на Национална града во гаражата на Министертвото лоцирана во гарнизонот на гардата. Случајот е во надлежност на Обвинителството...

Пренасочување на сообраќајот до Средно Водно

Поради одржување на спортската манифестација Европско атлетско првенство во планинско трчање, што во организација  на Атлетска федерација на Македонија ќе се одржи утре ќе има пренасочување на сообраќајот до Средно Водно. Во периодот од 07.00 до 16.00 часот,  Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе пренасочување на сообраќајот на улицата „Тодор Александров“ од потегот кај поранешниот објект...

Канскиот фаворит „120 отчукувања во минута“ во „Милениум“

Францускиот филм „120 отчукувања во минута“ на режисерот Робин Кампиљо (Мароко, 1962) од завчера е на репертоарот на киното „Милениум“. Филмот беше фаворит на Канскиот филмски фестивал, не доби „златна палма“, но освои гран-при на фестивалот. Филмот е чувствителна историска драма заснована на личните искуства на сценаристот и режисерот, со група активисти од „Акт ап“ во 1990-тите години во Париз....

Едно лице загина во поплавите кои ја зафатија Романија

Поројните дождови предизвикаа поплави во повеќе реони во североисточниот и централниот дел на Романија, при што едно лице загина. Една жена на 81-годишна возраст од областа Ботошани загина денеска откако таванот на куќата попуштил и се урнал врз неа. Илјадници домови се поплавени, а стотици луѓе евакуирани. Голем број национални патишта се блокирани поради надојдената вода. Над 100 пожарникари се ангажирани да...

БиХ сѐ поизложена на трговија со луѓе

Состојбата со трговијата со луѓе во Босна и Херцеговина е полоша од онаа што била во претходните години, пишува во најновиот извештај на Стејт департмент за спречување на шверцот со луѓе во светот. На листата на ТИЕР 2 се наоѓаат Авганистан, Буркина Фасо, Брегот на Слоновата Коска, Хрватска и Албанија. Босна и Херцеговина се најде во оваа група земји затоа...

Железна премиерка во сенка на претседателот

Српската премиерка Ана Брнабиќ доживува експлозија од самодоверба, а тој надмен став кон граѓаните произлегува од тоа што е свесна дека нејзината позиција не зависи од граѓаните, туку од претседателот на Србија, велат политичките аналитичари Владата на Ана Брнабиќ одбележува една година од нејзиниот избор за премиерка по одлуката на Александар Вучиќ да се кандидира на изборите за претседател на...

Седумдесет години од прогонот на Македонците од Егејска Македонија

Со положување цвеќе пред Споменикот на децата бегалци во паркот Жена борец во Скопје и изложба на фотографии во Домот на АРМ, денеска почна одбележувањето на 70 години од прогонот на Македонците од Егејска Македонија за време на граѓанската војна во Грција 1946-1949 година. Одбележувањето е во рамки на петтата Светска средба на насилно прогонетите Македонци, во организација на Сојузот...

Меркел обезбеди договори со 14 земји за брзо враќање на мигрантите

Германската канцеларка Ангела Меркел обезбеди договори со 14 земји за брзо враќање на мигрантите кои се обидуваат да влезат во Германија, се наведува во документот во кој имала увид агенцијата ДПА. Меркел ги објавила договорите во писмо на осум страници испратено до партиските лидери на нејзините два коалициски партнера. Барателите на азил кои пристигнуваат во Германија и кои се прво регистрирани...

Повреден полицаец додека приведувал лице барано за убиство

Во Тетово синоќа е повреде полицаец додека се обидувал да приведе лице барано за убиство.  МВР соопшти дека синоќа околу 21:45 часот на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово од страна на полициски службеници на СВР Тетово биле преземени мерки за приведување на лицето Г.Е. (41) од Тетово кој се бара за издржување затворска казна во времетрање од 6 години и...

Нема да има прифатен центар за странци во Карпош

Општина Карпош, до овој момент, нема примено никаков допис во вид на Барање информации и податоци за доставување државна урбанистичко - планска документација за прифатен центар за странци во Бардовци, од страна на Агенцијата за планирање на просторот. -Целосно ги демантираме информациите кои се пласираа на социјалните мрежи дека ваков прифатен центар ќе се гради во Бардовци, се вели во...