Се охрабруваат студените да пријавуваат корупција и неетичност
По две години од стапување во сила на законот за заштита на укажувачи нема ниту еден пријавен случај на корупција, неетичност и неправилност во високото образование. Група на стручни лица од областа на правото поради ваквата состојба се обидува преку обуки да ги запознае студентите и академскиот кадар како да пријавуват и одржуваат заштита на укажувачите. Институтот за стратешки...
Коритото на река Сушица „плаче“ за санација
Изградено во далечната 1973 година, под забот на времето и нередовното одржување, коритото на река Сушица во Кичево „плаче“ за санација. Камењата во коритото почнаа да се поместуваат, дел и да отпаѓаат од местото каде што биле и поставени, а под силината на надојдените води и долгиот период без санација, речното корито под каскадите во целост е уништено и...
Доделени наградите на Фестивалот на непрофесионален филм
Фото-киноклубот „Прилеп“ на последниот 47. Државен фестивал на непрофесионален филм, кој се одржа во Струга на први јуни, од доделените вкупно 11, освои пет награди, информира претседателот на клубот Сашко Попоски.
Филмот „Кутија“ на Гоце Трајкоски освои три награди: за најдобра камера, за најдобра монтажа и сребрена плакета за документарен филм.
Филмот „Старецот и кучето“ на Филип Петрески доби сребрена плакета...
Нови 60 паркинг места за велосипеди во Карпош
Во организација на Општина Карпош и Центарот за климатски промени, денеска во општината се одржа „вело дружба” на која учествуваа жители на Карпош со своите велосипеди како и градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, претседателот на Советот, Андреј Манолев и дел од советниците.
Во рамки на проектот „Заеднички за подобра животна средина во Карпош”, денеска беа промовирани и 60 нови...
Осломејско Езеро недоволно познат рај за риболовците
Многубројните риболовци од Кичево, покрај редовниот риболов на реката Треска и езерото Козјак, сѐ почесто го посетуваат вештачкото езеро создадено на една од депресиите на поранешниот рудник за јаглен „Осломеј“. Оваа акумулација со околу 30.000 квадратни метри површина, сѐ уште претставува недоволно истражена водна акумулација во која виреат повеќе видови слатководни риби: клен, крап, карас и други. Иако езерото...
Канада подготвена да ја легализира марихуаната за рекреативна употреба
Канада се соочува со многу предизвици, минувајќи го долгиот пат на третирање на марихуаната како злочин, преку лек за здравје, па се до вносен легален бизнис. Затоа и одлуката на канадските власти да ја легализираат марихуаната се толкува како голем прогресивен експеримент кој ветува дека ќе одговори на многу прашања.
Кога „Канопи Гроут“ ја отвори својата прва фабрика за канабис...
Универзитетот „Колумбија“ експериментира со потребата за слатко
Колумбискиот универзитет во Њујорк разработува методи и начини за тоа како да ја елиминираме потребата за благо. Експериментот веќе дал позитивни резултати кај експерименталните глувчиња, објави „Мирор“. Истражувањето посочува дека ако се прекинат сигналите што рецепторите на јазикот ги испраќаат кон амигдалата - дел од мозокот одговорен за вкусови, потребата за јадење благо, се намалува.
- Така, кога ќе каснете...
„Фејсбук“ снабдувал со лични податоци и производители на паметни телефони
Социјалната мрежа „Фејсбук“ доставувала огромно количество лични податоци за корисници на компании како „Амазон“, „Епл“, „Блекбери“, ХТЦ, „Мајкрософт“, „Самсунг“ и десетици други производители на уреди, пишува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извори од самата социјална мрежа.
Како што е наведено, „Фејсбук“ има потпишано договори со најмалку 60 производители на паметни телефони и други уреди. Соработката траела околу десет години откако...
Мирко Ивановски на чекор до трансфер во Хајдук Сплит?
Македонскиот фудбалски интернационалец Мирко Ивановски(28) се наоѓа на лекарски прегледи во Сплит и доколку сė мине како што треба, тој би требало да стане новото засилување на сплитски Хајдук.
На Ивановски договорот со Славен Белупо му истекува на 15 јуни, тим за кој Македонецот играше изминатите две сезони. Постигна 27 голови и шест асистенции во 66 настапи за фармацевтите, кои...
Борисов и Рама разговараа за најтешката тема
Бугарскиот премиер Бојко Борисов по средбата што ја имаше во Тирана со својот албански колега Еди Рама изјави дека 2-3 држави на ЕУ сè уште се неодлучни што се однесува на почетокот на преговорите со Албанија за членство во ЕУ, но повеќето земји на ЕУ се на мислење дека Албанија треба да добие датум и отворен пат за почеток...







































