Фото – Култи Ватор Скопје

Во неделата која следува, здружението за културна мотивација КУЛТИ ВАТОР од Скопје во соработка со неколку организации и здруженија на лица од посебните категории на граѓани а претежно за деца и младинци, ќе го реализира фестивалот на детски претстави насловен како “ЖАПЧИЊА 2026“ (претставата за деца и младинци „Среќно Семејство“ во режија на Елизабета Клинчаревска Младеновска)

Фото – Култи Ватор Скопје

Претставите кај најмладите од овие категории, имаат за цел да им ги доближат вистинските животни вредности како и да ги насочат кон правилен културен развој и истовремено го потттикнат творештвото и нивниот интерес за театарската и драмкса уметност.

Детските претстави ќе бидат реализирани во просториите на „Даре Џамбаз“ во Скопје а во изведба и со актерската екипа на Театар „Среќа“ и истите се со бесплатен влез.

Фото – Култи Ватор Скопје

Фестивалот на детски претстави од овој тип веќе прераснува во традиционален со над 10-ина изданија низ годините и истиот е од проширен карактер од годинаво годијна а оваа година премиерно оваа претстава ќе доживее изведба во петок 19 јуни. По што ќе следуваат и репризни изведби.

Настанот е помогнат од Министертвото за култура и туризам и од Град Скопје.