Мирко Ивановски на чекор до трансфер во Хајдук Сплит?
Македонскиот фудбалски интернационалец Мирко Ивановски(28) се наоѓа на лекарски прегледи во Сплит и доколку сė мине како што треба, тој би требало да стане новото засилување на сплитски Хајдук.
На Ивановски договорот со Славен Белупо му истекува на 15 јуни, тим за кој Македонецот играше изминатите две сезони. Постигна 27 голови и шест асистенции во 66 настапи за фармацевтите, кои...
Борисов и Рама разговараа за најтешката тема
Бугарскиот премиер Бојко Борисов по средбата што ја имаше во Тирана со својот албански колега Еди Рама изјави дека 2-3 држави на ЕУ сè уште се неодлучни што се однесува на почетокот на преговорите со Албанија за членство во ЕУ, но повеќето земји на ЕУ се на мислење дека Албанија треба да добие датум и отворен пат за почеток...
Му украле половина милион евра, пари заработени во Австралија
Во добро организиран грабеж, непознати сторители од куќата на седумдесетгодишниот Гроздан Станковиќ од Лесковац украле сеф полн со пари и злато. Како што тврди Станковиќ, во сефот имало половина милион евра што ги заработил во Австралија, па сега тој се плаши за својата безбедност и мисли дека некој го следи.
Овој гастарбајтер од Австралија тврди дека во сефот била целата...
БиХ под (ин)директно влијание на трговската војна
Доколку трговската војна во врска со челикот и со алуминиумот меѓу САД и другите земји од светот продолжи, последиците од неа би можеле да се почувствуваат и врз економијата на Босна и Херцеговина. Економските експерти се согласни дека новонастанатата состојба на светскиот пазар, која е предизвикана од високите царини, не им оди во прилог на малите земји како што...
Лани биле прислушувани 2.748 бугарски граѓани
Во 2017 година во Бугарија биле прислушувани и следени 2.748 лица, што е без промена во однос на 2016 година, но е трипати помалку во споредба со 2011 година. Судовите добиле 5.939 барања за специјални разузнавачки средства од нив одобрени се 4.624, што е намалување за 5,34 отсто во споредба со 2016 година. Податоците покажуваат дека судската контрола врз...
Здравко Мамиќ осуден на шест и пол години затвор
Поранешниот извршен директор на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, денеска е осуден на шест и пол години затвор поради финансиски малверзации во клубот.
Освен Мамиќ, затворски казни добија и неговиот брат Зоран, како и поранешниот прв човек на Динамо Дамир Врбановиќ и даночниот службеник Милан Пернар.
Окружниот суд во Осиек го осуди Здравко Мамиќ на вкупно шест и пол години затвор, Зоран...
Видео: Новите ерупции на вулканот ги принудија спасувачите да се евакуираат
Вулканот Фуего синоќа повторно еруптираше, по што напорите на спасувачките екипи беа залудни, па акцијата мораше да се спречи.
Стотина селани и спасувачки екипи се евакуирани непосредно пред најновата ерупција, во која лавата се движела со неверојатна брзина и испуштала токсичен гас, кој се надвил високо на небото.
Агенцијата за вонредни ситуации ги повлече спасувачите и полицијата, а на новинарите им...
До крајот на јуни ќе заврши рехабилитацијата на автопатот од Скопје до Тетово
Интензивно се работи на рехабилитација на автопатската делница Скопје - Тетово, која е во должина од 17 километри. Досега се рехабилитирани и асфалтирани девет километри, а до крајот на јуни се очекува да завршат работите на едната страна од автопатот од Скопје кон Тетово.
- Реконструкцијата на делница беше неопходна, затоа што возната лента беше најоштетениот дел од автопатот кон...
На маж од Скопје му исчезна сопругата
Во полицијата во Драчево вчера се јавил 45-годишниот Т.Р. од село Таор и пријавил дека околу 07 часот од дома во непознат правец се одалечила неговата сопруга.
Се работи за 44-годишната С.Р.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Македонците во Албанија никогаш не биле Бугари
Македонско друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, преку соопштение изрази жалење што официјална Софија се обидува да ги претстави Македонците од областа Гора како Бугари.
- Како и многупати досега, македонското друштво „Илинден“ се залага за вистината, според која Македонците во областа Гора се неотуѓив и нераскинлив дел од македонскиот народ.
Нивната самосвест е македонска, а...






































