Се обидел да запали контејнер, па нападнал полицаец
СВР Битола поднесе кривична пријава против лицето О.М.(47), кој вчера напладне, откако бил спречен да го запали контејнерот со ѓубре го нападнал полицаецот.
Лицето О.М е лишено од слобода и против него ќе бидат преземни соодветни мерки.
Според битолската полиција лицето О.М. на возраст од 47 години, од селото Долно Агларци вчера во 13.25 часот на улица „Филип Втори Македонски” во...
Мото-тркачот Чајка со совет „Подобро да ви тече пот од глава, а не крв“
Подобро да ви тече пот од глава, а не крв, затоа носете заштитни шлемови. Ова е советот на тетовскиот мото-тркач Горан Хаџи Иљоски Чајка во екот на сезоната на користење на разните видови моторцикли, но и кога се најчести повредите поради сообраќајните инциденти. Токму во вторникот навечер 16-годишно момче сопатник на мотор е повредено во сообраќајка што се случила...
Изложбениот центар „Матка“ станува туристичка атракција
Градоначалникот Петре Шилегов и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Штефан Петер, потпишаа Меморандум за соработка со ЕВН за користење на изложбениот центар „Матка“, кој е прв од ваков вид во регионот.
- По потпишувањето на овој Меморандум, изложбениот центар „Матка“ ќе добие поголема промоција и стане повидлив на туристичката мапа на Скопје. Овој изложбен центар е...
Армиските специјалци донираа 53 единици крв за итни потреби
Поради итни потреби на Институтот за трансфузиона медицина за обезбедување на неопходни резерви на крвни компоненти, специјалците на АРМ денеска даруваа 53 единици крв. Од почетокот на годинава Армијата дарувала 700 крвни единици.
Како што информираа за МИА од АРМ, за потребите на денешната вонредна акција, припадници на полкот за специјални операции, во голем одзив се приклучиле за доброволно дарување...
Се охрабруваат студените да пријавуваат корупција и неетичност
По две години од стапување во сила на законот за заштита на укажувачи нема ниту еден пријавен случај на корупција, неетичност и неправилност во високото образование. Група на стручни лица од областа на правото поради ваквата состојба се обидува преку обуки да ги запознае студентите и академскиот кадар како да пријавуват и одржуваат заштита на укажувачите. Институтот за стратешки...
Коритото на река Сушица „плаче“ за санација
Изградено во далечната 1973 година, под забот на времето и нередовното одржување, коритото на река Сушица во Кичево „плаче“ за санација. Камењата во коритото почнаа да се поместуваат, дел и да отпаѓаат од местото каде што биле и поставени, а под силината на надојдените води и долгиот период без санација, речното корито под каскадите во целост е уништено и...
Доделени наградите на Фестивалот на непрофесионален филм
Фото-киноклубот „Прилеп“ на последниот 47. Државен фестивал на непрофесионален филм, кој се одржа во Струга на први јуни, од доделените вкупно 11, освои пет награди, информира претседателот на клубот Сашко Попоски.
Филмот „Кутија“ на Гоце Трајкоски освои три награди: за најдобра камера, за најдобра монтажа и сребрена плакета за документарен филм.
Филмот „Старецот и кучето“ на Филип Петрески доби сребрена плакета...
Нови 60 паркинг места за велосипеди во Карпош
Во организација на Општина Карпош и Центарот за климатски промени, денеска во општината се одржа „вело дружба” на која учествуваа жители на Карпош со своите велосипеди како и градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, претседателот на Советот, Андреј Манолев и дел од советниците.
Во рамки на проектот „Заеднички за подобра животна средина во Карпош”, денеска беа промовирани и 60 нови...
Осломејско Езеро недоволно познат рај за риболовците
Многубројните риболовци од Кичево, покрај редовниот риболов на реката Треска и езерото Козјак, сѐ почесто го посетуваат вештачкото езеро создадено на една од депресиите на поранешниот рудник за јаглен „Осломеј“. Оваа акумулација со околу 30.000 квадратни метри површина, сѐ уште претставува недоволно истражена водна акумулација во која виреат повеќе видови слатководни риби: клен, крап, карас и други. Иако езерото...
Канада подготвена да ја легализира марихуаната за рекреативна употреба
Канада се соочува со многу предизвици, минувајќи го долгиот пат на третирање на марихуаната како злочин, преку лек за здравје, па се до вносен легален бизнис. Затоа и одлуката на канадските власти да ја легализираат марихуаната се толкува како голем прогресивен експеримент кој ветува дека ќе одговори на многу прашања.
Кога „Канопи Гроут“ ја отвори својата прва фабрика за канабис...







































