Вучиќ: Путин и Макрон ќе ја посетат Србија пред крајот на годината

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека рускиот и францускиот претседател, Владимир Путин и Емануел Макрон ќе пристигнат во Србија пред крајот на годината. - Макрон ќе дојде во декември, а Путин во ноември во Србија, рече Вучиќ. Тој истакна дека за тоа се заслужни граѓаните на Србија, но благодарение на нивното раководство што, како што додаде, дејствува на одговорен и...

Спортинг бара 40 милиони од Атлетико, за да не ги тужат во ФИФА

Спортинг Лисабон е подготвен да постигне договор со Атлетико Мадрид и да не дојде до донесување одлука од страна на ФИФА за случајот со трансферот на Желсон Мартинс. Португалскиот репрезентативец еднострано го раскина својот договор со Спортинг Лисабон, по што потпиша со Атетико Мадрид. „Црвено-белите“ потпишаа со него, иако не успеаја да се разберат со португалскиот клуб за трансферната...

На ГП Богородица се чека до 20 минути, на Евзони половина час

На граничниот премин Богородица, на македонско-грчката граница, за влез и за излез од земјата се чека до 20 минути, информираат надлежните од граничниот премин. На преминот од македонска страна во функција се ставени сите ленти, а граничните служби се потполно екипирани. Преминувањето на границата се одвива нормално, велат од ГП Богородица. Најмалку 30 минути се чека на граничниот премин Евзони...

Влада: Ако не се изгради гасоводот, штетата по животната средина ќе биде многу поголема

Владата на Република Македонија постојано ги следи реакциите на граѓанските организации и токму поради тоа, преку надлежните институции, се пристапи кон планирање нова траса за гасоводот која поминува преку Водно, со цел обезбедување реализација на овој еколошки проект со минимален ефект врз животната средина. - МЕР АД Скопје, изработи предлог на нова траса, со која значително се намалува опфатот на...

Јеремиќ: Вучиќ планира референдум за Косово во ноември

Српскиот опозициски политичар Вук Јеремиќ денеска го обвини претседателот Александар Вучиќ дека планира референдум за статусот на Косово, кој би се одржал паралелно со предвремени парламентарни избори. Според Јеремиќ, референдумот би бил поврзан со барањето Косово да добие членство во Обединетите нации. Јеремиќ е дел од кампањата за собирање потписи низ Србија со која граѓаните се изјаснуваат против можноста Србија...

Еко активистите бараат да се тргне градежната механизација од сртот на Водно

Да се тргне целокупната градежна механизација од сртот на Водно додека не се реши проблемот и Владата да излезе со официјален став за проектот, побараа на денешната прес-конференција пред Град Скопје од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“. Тие апелираат Владата да го стопира издаденото одобрение за градба, да се изработи нова оценка на влијанието на изведбата на гасоводната делница врз...

Баша: Рама е на чело на октоподот на корумпираното правосудство

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија Љуљзим Баша рече дека неговиот главен политички опонент, лидерот на владејачките социјалисти и актуелен премиер Еди Рама, е „водач на правосудниот октопод кој ги заштитува и не ги казнува корумпираните политичари поврзани со криминалот“. - За да ги заштити Тахири, Џафај, Роши, Фроку, Дако, Сејдини, Ахметај, Ѓикнури и други министри и пратеници со нивните...

Фатен жител на Прешево кој ограбил Јапонец во Охрид

Полицијата поднесе кривична пријава за жител на српскиот град Прешево, кој додека престојувал во хостел во Охрид ограбил јапонски државјанин. Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Д.А.(39) од Прешево, Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 27 јуни во Охрид на улицата „Македонски Просветители” во хостел, пријавениот, во соба во која престојувал заедно...

Несекојдневен спортски настан во водите на Мавровското Езеро

Аматерот, 53 годишниот Бошко Илиев, лекар специјалист по спортска медицина од Кавадараци за 3 часа и 45 минути преплива нешто повеќе од осум километри во студените води на Мавровското Езеро. Стартот му беше под хотелот „Радика“ во село Леуново, пливаше во правец кон населбата Маврови Анови, под мотелот „Маврово“, кој беше бурно поздравен од десеттина туристи кои денот...

Кејтлин Бејкер постави нов светски рекорд на 100 метри грбно

Олимписката вицешампионка од Рио 2016 Кејтлин Бејкер (САД) постави нов светски рекорд на 100 метри грбно за жени на националното првенство во пливање. Бејкер (21) ги сопре хрономерите на 58,00 секунди. Досегашниот рекорд беше 58,10 секунди, поставен од Кајли Мас од Канада во јули минатата година. Бејкер, која стана национална шампионка и на 200 метри грбно, постави и нов рекорд на...