Србија ја одбрани европската титула во ватерполо

Ватерполистите на Србија се старо-нови европски шампиони. На Европското првенство во Барселона, Србија ја победи домашната селекција на Шпанија. Натпреварот во регуларниот дел заврши без победник со резултат 7-7 (0-1, 3-3, 3-2, 1-1), па шампионот беше одлучен по изведувањето на пеналите, по кои „делфините“ стигнаа до победата со 5-3. Србија ја продолжи доминацијата на Европските првенства, откако немаат пораз...

Македонија против Белорусија во финалето на ЕХФ шампионатот

Машката младинска ракометна репрезентација на Македонија во драматичен натпревар по изведување на пенали славеше победа над Фарските острови 27:25. Натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 23:23. Јуниорите предводени од селекторот Данило Брестовац на тој начин обезбедија пресметка со силната репрезентација на Белорусија. Во денешното финале, младинците ќе се борат за победа што им носи место во елитната „А“ дивизија и...

Почина Оливер Драгојевиќ

Познатиот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ починал вчера на 71 годишна возраст, по една година борба со ракот на градите. Веста ја објави „Слободна Далмација“, откако им била потврдена од семејството на Оливер. Роден во Вела Лука на островот Корчула, Драгојевиќ растел како уличен музичар за туристите, по што завршил музичко училиште во Сплит. Првпат настапил во 1961 година, на Сплитскиот детски...

Катругалос: Националистите во двете земји не сакаат решение

Националистичките сили и во двете земји не сакаа решение, бидејќи се хранат од континуитетот на спорот. Секако, сфаќам дека многу обични луѓе, многу патриоти се против договорот, некои поради недостаток на информации, други од емоционални реакции. Ова во итервју за МИА го истакна алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, при тоа додавајќи дека тие остануваат посветени на Договорот. - Ние...

Пацоли: Никој во Косово не сака ниту да помисли на поделба на земјата

Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли вели дека поделбата на Косово и размената на територии со Србија би претставувало газење врз суверенитетот на земјата и дека никој во Косово не сака ниту да размислува за таква дебата. Шефот на косовската дипломатија, во интервју за Гласот на Америка (ВОА) рече дека „има многу други прашања кои треба да се решат...

Силен земјотрес во Индонезија, најмалку 10 загинати

Најмалку 10 лица загинаа, а над 40 се повредени во земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер што го погоди утрово индонезискиот туристички остров Ломбока, соопшти агенцијата за управување со катастрофи. Потресот го погодил северниот дел на островот, додека сите спиеле. Епицентарот на земјотресот бил на 49,5 километри североисточно од најголемиот град на тој остров Матарама, на длабочина од седум...

Убиен адвокат на Милошевиќ и на шефот на „Земунскиот клан“

Во Белград синоќа е убиен познатиот адвокат Драгослав Миша Огњановиќ, а според локалните медиуми, во нападот, кој е извршен пред влезот на зградата во која живее, бил повреден и неговиот 26-годишен син. Полицијата го блокираше местото на инцидентот и изврши увид. Во тек е интезивна потрага по убиецот на адвокатот. Еден очевидец тврди дека по истрелите видел маж облечен во црно,...

Сончево со умерена облачност, попладне можна нестабилност

Сончево со умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе се движат во интервал од 24 до 34 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 33 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Федерер: Не знам дали можам повторно да бидам број 1

Вториот светски рекет Роџер Федерер го пофали неговиот колега Рафаел Надал, но исто така зборуваше и за потенцијалното враќање во првото место во светот. Во интервју за „Блик“, Федерер зборуваше за освојувањето на два „Лауреус“ награди оваа година, за Надал, но исто така и за важноста на првото место на АТП листата. Надал на „Вимблдон“ стигна до полуфиналето, но таму се...

Запленити над 400 килограми марихуана во Албанија

Албанската полиција продолжува со засилените мерки во спречувањето на производството и троговијата со марихуана.Во одделени акции денеска биле запленети 413 килограми и уништени над илјада стебла марихуана. Запленетата дрога полицијата од приморскиот град Валона ја открила во близина на местото каде што реката Вјоса се влева во морето, натоварена на моторен чамец, во кој имало и пластични туби со 60...