Фото: Ка.М.

Во пријатна и креативна атмосфера денеска во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп успешно заврши Работилницата за мозаик, реализирана со поддршка на Министерството за култура и туризам.

Во текот на тридневната работилница, 15 ученици, под менторство на м-р Александра Димитрова, создадоа оригинални и впечатливи мозаични дела, демонстрирајќи креативност, посветеност и уметнички талент.

Изработените мозаици наскоро ќе бидат претставени пред прилепската публика на посебна изложба, каде посетителите ќе имаат можност да ги разгледаат делата на младите учесници.

На свеченото затворање, директорката на Центарот за култура, Марија Попова Јованоска, и координаторот на проектот, Марјан Стојаноски, им врачија благодарници на сите учесници за нивниот труд и успешно учество во работилницата.

Ка.М.