Кери Фишер ќе се појави и во „Војна на ѕвездите: Епизода 9“
Актерката Кери Фишер, која почина ненадејно на крајот на 2016 година на 60-годишна возраст, ќе се „врати“ во претстојната деветта епизода од култната вселенска сага „Војна на ѕвездите“.
Марк Хамил, чиј лик Лук Скајвокер веројатно умира на крајот на осмата епизода, исто така, ќе се појави во следниот филм.
Во соопштението од компанијата „Дизни“ се наведува дека снимањето за...
Македонија го освои ЕХФ-шампионатот и избори пласман во елитната дивизија
Младинската ракометна репрезентација на Македонија ја совлада Белорусија со 29-23 во финалето на ЕХФ-шампионатот од Б-дивизијата, одиграно вечерва во Скопје, со што избори пласман на Европското првенство во 2020 година.
Избраниците на селекторот Данило Брестовац одлично го почнаа мечот во СЦ „Борис Трајковски“, стекнаа предност од 15-10 на полувремето, која се зголеми на 23-14 во 43-та минута, за да остварат...
Трамп: Ќе ја „згаснам“ Владата ако нема поддршка од демократите за имиграцијата
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека ќе дозволи американската федерална Влада да „згасне“ ако демократите не ги поддржат големите промени во Законот за имиграција, за што се залага неговата администрација.
- Ќе ја „згаснам“ Владата ако демократите не гласаат за безбедноста на границите, која го вклучува и ѕидот! Треба да се ослободиме од лотаријата ... и конечно да...
Противпожарна служба на Грција: 25 исчезнати, 91 загинати во пожарите
Противпожарната служба на Грција вечерва го соопшти официјалниот број на исчезнати лица во катастрофалните пожари што во понеделникот го зафатија источниот дел на областа Атика.
Вкупно 25 лица се водат за исчезнати, а 91 го загубија животот, јави дописничката на МИА од Атина.
- Од процесот на проверка на податоците произлегува дека исчезнати се 25 лица, кои официјално беа...
Папата Франциск со осуда на трговијата со луѓе
Папата Франциск денеска го повика целиот свет да се спротивстави на „срамното злосторство“ - трговијата со луѓе.
За време на редовното неделно обраќање пред илјадници верници на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, Папата истакна дека трговијата со луѓе честопати се поврзува со шверцот на мигранти.
Тој ја осуди трговијата со деца и возрасни кои завршиле како робови на принудна работа, сексуална...
Најмалку 24 повредени во налет на тајфун во Јапонија
Најмалку 24 лица се повредени во најновото невреме што зафати делови од централна и западна Јапонија, а 150.000 куќи останаа без струја.
Тајфунот Јонгдари, кој најпрво го погоди јапонскиот остров Хоншу, предизвика силен дожд и ветер кој дува и до 180 километри на час.
Метеоролозите ги предупредија граѓаните дека може да дојде и до лизгање на земјиштето и одрони.
Тајфунот се движи...
Еден загинат при уривање на мал авион во Словенија
Мал авион се урна денеска во областа Бовец, во северозападниот дел на Словенија, при што загина словенечки државјанин, соопшти Службата за цивилна заштита и управување со вонредни ситуации.
Од Службата наведуваат дека причините за несреќата се истражуваат.
Авионот што се сруши е од типот „робен ДР400“, кој претежно се користи за влечење едрилици.
На местото на настанот се наоѓаат инспекции од цивилното...
Шпанската поморска служба спаси 123 мигранти кај Гибралтар
Во Шпанија се спасени 123 мигранти кои се обиделе да го поминат Медитеранот, соопшти Шпанската поморска служба за спасување.
Како што наведува Службата, мигрантите тргнале од Северна Африка, а се движеле со 12 чамци, кои припадниците на Службата ги пресретнала рано утрово во Гибралтарското Море.
Вчера и завчера, Службата спаси повеќе од илјада мигранти кои се упатиле кон европските брегови.
Шпанија во...
Хамилтон славеше на „Хунгароринг“
Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон триумфираше на патеката „Хунгароринг“ во Унгарија и ја освои последната трка пред едномесечната пауза во Формула 1.
Светскиот шампион стартуваше од првата позиција и со прецизна до последниот милиметар стратегија од Мерцедес, тој запиша победа на Гран при на Унгарија. Втор заврши Себастијан Фетел, кој водеше до последно битка со Валтери Ботас за...
„Планината“ во Лос Анџелес се продава за милијарда долари
Имот наречен Планината, на височинка над Беверли Хилс во Лос Анџелес, е понуден на продажба за милијарда долари - највисоката цена постигната за еден имот во историјата на калифорниската метропола.
Се работи за едно од ретките големи парчиња земја во околината на градот кои не се комерцијално искористени. Просторот од 635.000 квадратни метри е поделен на 17 парцели, од кои...









































