ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА – во поддршка на културата и општествениот развој
Сигурно сте забележале дека во последната година Државна лотарија општествената одговорност ја потврдува како срцевина на своето дејствување.
Низ историјата во Европа и светот лотариите што се управувани од државата се основани со цел поддршка на заедницата. Тоа е и мисијата на Државна лотарија − преку одговорно приредување игри на среќа, за граѓаните на територија на Република Северна Македонија, да...
Започна седмото издание на МакеКоПроДокс форумот во Скопје
Со средбата „Продуценти со продуценти“, на која учествуваат филмски професионалци од Франција, Балканот и Вишеградскиот регион, денеска во Младинскиот културен центар (МКЦ) започна седмото издание на МакеКоПроДокс форумот – платформа посветена на копродукција на креативни документарни филмови во регионот.
Како што соопштуваат организаторите, првиот ден од форумот вклучува презентации на престижниот фестивал ИДФА и ИДФА Берта фондот, како и промоција...
Полјаците се против испраќањето војници во Украина
Речиси две третини од Полјаците (61,1 отсто) се против учеството на полската армија во евентуална мировна мисија во Украина, покажува анкетата на агенцијата SW Research.
Како што пренесе Полското радио 24, учеството на полските сили во мировната мисија го поддржуваат 17,3 отсто од испитаниците, додека 21,6 отсто немаат мислење за ова прашање.
Мажите (63,9 отсто) се малку понаклонети да се спротивстават...
Зошто птиците се почесто го менуваат полот
Животни
Промената на полот кај птиците е многу почеста отколку што се мислеше претходно, открија австралиските научници. Откритието би можело да има значително влијание врз истражувањата и напорите за зачувување на загрозените видови, според студија објавена во списанието „Биолоџи летрс“.
Тимот истражувачи анализирале 500 единки од пет вообичаени вида птици што живеат слободно во Квинсленд и пронашле примероци со промена на...
Како екстремните временски услови ги зголемуваат цените на храната од 2022 година
Новата научна анализа покажува како климатските нарушувања сè повеќе ги оптоваруваат глобалните системи за храна, предизвикувајќи инфлација и несигурност во храната, особено во земјите во развој. Екстремните временски услови, вклучувајќи ги топлотните бранови, сушите и обилни дождови предизвикани од климатските промени, имаа значително влијание врз глобалните цени на храната во последните две години (2022-2024).
Новата студија анализира 16 случаи низ...
Со „Кораб“, Ратка Колева-Дамњановиќ потврдува дека поезијата на македонската дијаспора е жива
Изложбата „Македонска глаголица - Визуелни рефлексии“
на Лазе Трипков на „Струшките вечери на поезијата“
Во рамките на програмата на 64-те „Струшки вечери на поезијата“ во хотелот „Дрим“ е отворена изложбата „Македонска глаголица – Визуелни рефлексии“ на Лазе Трипков, кој е и автор на визуелните материјали, плакатот и на изложбениот материјал на ова фестивалско издание.
На изложбата се претставени десетина графички дизајнирани плакати...
Моите дела се одредена рефлексија на тоа што треба да претставува самиот знак
Македонската поетеса Ратка Колева-Дамњановиќ добитничка на „Стојан Христов“
Поетската книга „Кораб“ од македонската поетеса Ратка Колева-Дамњановиќ е годинашен добитник на наградата „Стојан Христов“ за 2025 година за најдобра книга со поезија од иселеник што ја доделува Агенцијата за иселеништво, во рамките на 64-то издание на „Струшките вечери на поезијата“.
Претседателот на жири-комисијата, Никола Ѓелинчески, во образложението посочи дека поетската збирка „Кораб“,...
Изложба „Уметничкиот сон“ од Методи Исков во Прилеп
Во Ликовната галерија на центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп е отворена изложбата „Уметничкиот сон“ од уметникот Методи Исков, што е дел од програмата на центарот за култура, од областа на визуелните уметности за 2025 година, поддржана од Министерството за култура и туризам.
Изложбата „Уметничкиот сон“ е посветена на истражувањето на сонот како симбол, инспирација и креативен импулс во...
Тамара Котевска со приказна за штрковите во Венеција и Торонто
Англискиот дистрибутерски гигант „Догвуф“ од Лондон ги откупи светските права за интернационална продажба на „Сиљан“ (The Tale of Silyan) – најновиот документарен филм на Тамара Котевска. „Догвуф“ е компанија позната по современи документарци што има „оскар“ и БАФТА-номинации, а ова е нејзина втора соработка со Котевска по успехот со „Медена земја“.
Вклучувањето на „Догвуф“ е силен индикатор дека „Сиљан“ веќе...
Дваесет и две дела во вториот круг за наградата „Драги“ за 2025 година
Жири-комисијата низ долга и многуслојна дебата дојде до одлуката, при што генералниот впечаток беше дека речиси сите пристигнати наслови слободно можат да се најдат директно и во финалните фази на селекцијата
Тричлената комисија за доделувањето на наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“, во состав: д-р Анастасија Ѓурчинова (претседател), д-р Јана Михајловска и Иван Шопов, на својот работен состанок...







































