Рекордни 28.000 мигранти минале преку Ламанш – 46 отсто повеќе од лани
Рекорден број мигранти – 28.076 лица – го преминале Ламанш преминувајќи кон Велика Британија со мали чамци од почетокот на годината, што претставува пораст од 46 отсто во споредба со истиот период лани, покажуваат денешните владини податоци.
Овој пораст создава дополнителен притисок врз премиерот Кир Стармер и неговата политика за имиграција.
Рекордот е достигнат вчера, кога 212 мигранти пристигнале со четири...
Посттропската бура „Ерин“ носи хаос во Европа: урагански ветрови и огромни бранови
Остатоците од ураганот „Ерин“, кој претходно достигна сила од петта категорија, во наредните денови ќе го зафатат западниот дел на Европа, вклучително и Велика Британија и Ирска. Иако повеќе не е ураган туку посттропски циклон, Ерин сè уште предизвикува сериозна загриженост, предупредуваат метеоролозите.
Се очекуваат урагански ветрови, обилни врнежи и бранови високи и до 12 метри, кои би можеле да...
Дитмире Шеху поднесе тужба до Управен суд против ДИК за намалувањето на бројот на советници
Членката на Државната изборна комисија (ДИК), Дитмире Шеху за МИА потврди дека денеска поднела тужба до Управниот суд во врска со упатството што го изгласа ДИК за бројот на општински советници.
Оваа тужба доаѓа откако Владата ја испрати одлуката за бројот на советници до ДИК иако ова прашање е регулирано со Законот за локална самоуправа. Како резултат на тоа, во...
Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство
Во јуни годинава во земјава вкупно се потрошени 296.651 мегават часови електрична енергија, 8,334 милиони нормални кубни метри природен гас, 357.500 тони јаглен и 101.113 тони нафтени продукти.
Според податоците од Државниот завод за статистика, 100 проценти од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 99,9 отсто од вкупно потрошениот јаглен се употребени за производство на струја.
Во споредба со...
Претреси во Липково, Куманово и Желино, лишени од слобода седум лица
Управата за финансиска полиција во текот на денешниот ден под раководство на предметниот јавен обвинител, спроведе акција во која беа извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на општина Липково, Куманово и Желино при што од слобода се лишени седум лица кои се изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд, а едно лице не е достапно...
Израел може да се повлече од јужен Либан по разоружувањето на Хезболах, рече Нетанјаху
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелската армија би можела да започне со повлекување од територијата што ја држи во јужен Либан по одлуката на властите во Бејрут да ја разоружаат милитантната група Хезболах до крајот на годината.
Тој изјави дека ако Бејрут преземе потребни чекори за разоружување на Хезболах, Израел може постепено да го намали бројот на војници во...
Две собраниски седници пред изборната кампања
Септември ќе биде последниот работен месец за пратениците пред кампањата за локалните избори, до кога треба да се заокружат сите закони што пристигнале во процедура. Собранието во септември ќе заседава двапати - на 2 и на 12 септември, за да се донесат сите закони кои пристигнале во процедура пред почетокот на кампањата за локалните избори. Ова денеска го најави...
Обвинителство бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што со тупаници и клоци нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
На натпревар во Штип
Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице осомничено дека извршило грубо насилство на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, вчера за време на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Шкупи“.
Со дејствијата, според Обвинителство, тој ја загрозил сигурноста на две деца родени 2010 година, играчи за тимот на „Брегалница“, нанесувајќи...
Во Кичево предаден во употреба првиот млекомат во земјава
Со мала свеченост на која присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, претставници на канцеларијата на Европската унија и други гости, беше предаден во употреба првиот млекомат во Македонија. На свеченоста министерот Трипуновски истакна дека ова е прв ваков апарат во земјава, кој ќе му служи на локалното население, и во иднина министерството ќе продилжи да подржува...
Регистрирани седум пожари на отворен простор, два сè уште активни
Центарот за управување со кризи соопшти дека на територијата на државава денеска се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор. Два од нив се сè уште активни, два се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати.
Активни пожари се пријавени во општина Долнени, кај селото Долгаец, каде што гори мешана шума, и во општина Крушево, на влезот од градот,...







































