Полесен пристап за лицата со попреченост на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор
Се создава правна рамка на лицата со попреченост и на старите лица да им се овозможи полесен пристап до информациите и услугите кои ги даваат/нудат институциите од јавниот сектор на нивните веб-страници и мобилни апликации, со Предлог законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор, во прво читање, што денеска доби поддршка од собраниската...
Негативен природен прираст и во второто тримесечје, 1.135 помалку родени од умрени
Природниот прираст и во второто тримесечје од 2025 година e негативен и изнесува -1.135 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во вториот квартал е 3.741 и во споредба со истиот перид лани е намален за 4.2 %.
Бројот...
На собраниската Комисија за економски прашања усвоени неколку закони кои се носат поради правни усогласувања
Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика на денешната седница заклучи дека Предлог-законот за изменување на Законот за исплата на платите, Предлог-законот за дополнување на Законот за задругите, Предлог-законот за изменување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица и Предлог-законот за изменување на Законот за јавните претпријатија...
Андоновски: Досега забранети 250 онлајн приредувачи на игри на среќа без лиценци
Забранети се околу 250 онлајн приредувачи на игри на среќа, кои немаат извадено лиценца во Македонија, информираше денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
- Тоа е битка на нашата генерација и мора да се справиме со нелегалното приредување на онлајн игри на среќа. Затоа што е пандемија којашто ги зафаќа сите граѓани, особено таргет се младите, бидејќи не можат...
Поповолни услови за кредит за оние кои првпат купуваат стан за живеење, Народната банка наскоро ќе ги објави мерките
Лицата кои ќе сакаат да купат стан за живеење и кои првпат ќе аплицираат за кредит ќе имаат поповолни услови од оние кои купуваат стан за други намени. Мерките што ги подготвува Народната банка, а се во оваа насока, се очекува да бидат објавени за една до две недели.
- Релативно готови сме со мерките со коишто ќе ги олесниме...
РАСТЕ МОЌТА НА ОПШТИНИТЕ СО РУДНИЦИ: 78% од концесиските приходи завршуваат во локалните каси
Економската моќ на општините каде што работат рудниците расте. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) во првата половина на 2025 година наплатило рекордни 546,9 милиони денари од концесионерите – дури 126% повеќе отколку во истиот период лани.
Главниот дел од овие пари завршува токму во општинските буџети. Според важечката законска рамка, 78% од концесискиот надоместок останува во општината...
Мајка на сите храмови
ХРАМОТ „БЕСАКИ“ ВО БАЛИ
На Бали, индонезиски остров познат и како „недопрено кралство на хиндуистички светилишта“, храмот „Бесаки“ се смета за „мајка на сите храмови“. Храмовиот комплекс се наоѓа под самиот вулкан Агунг.
Храмовите на Бали формираат, кога ќе ја погледнете мапата, ромбоид во чиј центар е „Бесаки“, сместен во срцето на џунглата. Балиќаните веруваат дека боговите се спуштиле на Бали...
Гроси: Инспекторите на МААЕ се вратија во Иран за првпат по нападите врз нуклеарните објекти
Тим инспектори од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) се врати во Иран за првпат по израелските и американските напади врз иранските нуклеарни објекти за време на 12-дневниот конфликт во јуни, објави шефот на МААЕ, Рафаел Гроси.
Гроси рече дека инспекторите, по период на прекин на соработката поради војната, повторно влегле во Иран и се подготвуваат да ги продолжат своите...
СУП-веслањето се претвора во главоболка за спасувачите
Сѐ поголемата популарност на СУП-штиците меѓу туристите на грчките плажи создава нови предизвици за крајбрежната стража и спасувачките служби
Стоечкото веслање популарно наречено СУП е воден спорт што комбинира рамнотежа, сила и релаксација. Потекнува од Хаваите и е инспирирано од традиционалното сурфање, но за разлика од него, кај стоечкото веслање спортистите стојат на поголема и постабилна штица и користат весло...
Пробиотиците се одлични борци против микропластиката што ја јадеме
Проблемот со микропластиката и нашите тела е загрижувачки. Се чини дека многу малку можеме да направиме за да ги спречиме овие ситни честички да го најдат патот до нашата крв, мозок, бели дробови и други делови од нашите тела, но звучи охрабрувачки што голем број студии сега покажуваат дека имаме барем една евтина и достапна линија на одбрана од...







































