Кремљ: Средбата меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
Кремљ денеска повтори дека секоја средба меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, која ја бараат Киев и Вашингтон, треба да биде „добро подготвена“, сугерирајќи дека засега не е на агендата на Москва.
- Шефовите на руската и украинската преговарачка група се во контакт - изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков и додаде дека не е...
Клековски: Интерната комисија располага со потребната документација
Супервизијата од тројцата странски доктори е како што беше во случајот со Онкологија, е да внесеме дополнително уверување на јавноста дека постапката ќе биде објективна, изјави на денешната прес-конференција, директорот на ФЗО, Сашо Клековски, во врска со изјавите на кардиологот Сашко Кедев, дека се прават непотребни операции и стентирања.
За интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и...
Турската полиција заплени накит и антиквитети вредни 25 милиони евра во рација во Истанбул
Полицијата во Истанбул заплени накит и антиквитети вредни 30 милиони долари во историската Капали чаршија за време на истрага за шверц на дијаманти, јавија денеска турските медиуми.
Операцијата почнала откако 10 осомничени првично биле приведени поради шверц на скапоцени камења во Турција. Полицијата изврши рации во 23 претпријатија на покриената чаршија од 15 век, апсејќи уште 40 лица.
Полицијата конфискуваше 135...
Еден милион евра ивестиција за изградба на нов водовод во населбата Саат Кула во Чаир
Еден миолион евра Министерството за животна средина и просторно планирање ќе инвестира за изградба на нов водовод во населбата Саат Кула во општина Чаир.
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска при извршениот увид во градежните работи во населбата Саат Кула потенцира дека се работи за целосна изградба на атмосферска и фекална канализација, кој...
Алиу апелира граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции
Министерството за здравство денеска информира дека сите граѓани имаат можност да пријават сознанија за евентуални неправилности во врска со вршењето кардиолошки и кардиоваскуларни интервенции, преку алатката Пријавете неправилност достапна на веб страницата на Министерството на следниот линк.
- Транспарентноста во секој процес е наш приоритет, така што кон секоја пријава на каква било неправилност во здравствениот систем пристапуваме со максимална одговорност...
„Енергетската ефикасност на прво место“ – ново начело, законските измени го поминаа првиот собраниски филтер
Долгорочна стратегија до 2050 година за реконструкција на станбени, јавни и комерцијални згради (објекти) кои би требало да достигнат ниво од речиси нула потрошувачка на енергија и обврска - секоја година да се реновираат најмалку три проценти од вкупната подна површина на јавните објекти што не ги исполнуваат минималните критериуми за енергетска ефикасност, предвидуваат измените и дополнувањата на Законот...
МОН: Учебници за сите ученици на стартот на новата учебна година
Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во соодветните одделенија, информираат од МОН.
- Втора година по ред печатењето и испораката на учебниците се реализира навремено, а секое училиште ќе го добие тиражот кој го има побарано преку посебната електронска апликација на Министерството за образование и наука.Обезбедени се...
Кина одби трилатерални преговори со САД и Русија за нуклеарно разоружување
Кина денеска го отфрли барањето на Соединетите Американски Држави да се приклучи на трилатерални преговори за нуклеарно разоружување со Русија, оценувајќи ја иницијативата како „неразумна и нереална“.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, изјави дека нивото на нуклеарно вооружување на Кина не е споредливо со она на САД и Русија, што ги прави ваквите преговори неприфатливи.
- Стратешкото...
Полесен пристап за лицата со попреченост на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор
Се создава правна рамка на лицата со попреченост и на старите лица да им се овозможи полесен пристап до информациите и услугите кои ги даваат/нудат институциите од јавниот сектор на нивните веб-страници и мобилни апликации, со Предлог законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор, во прво читање, што денеска доби поддршка од собраниската...
Негативен природен прираст и во второто тримесечје, 1.135 помалку родени од умрени
Природниот прираст и во второто тримесечје од 2025 година e негативен и изнесува -1.135 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во вториот квартал е 3.741 и во споредба со истиот перид лани е намален за 4.2 %.
Бројот...







































