Почнуваме со проектот за третата фаза од пругата кон Бугарија
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека државава почнува активности за проектот за изградба на третата делница од пругата кон Бугарија од Коридорот 8. Тоа следи, посочи тој, откако беа отстранети пречките од минататото и Владата донесе одука да активира грант од Европската инвестициска банка како техничка поддршка за ревизија на основниот проект, по што ќе биде објавен тендер за градежните...
Документарецот „Земја и крилја“ на Стефан Малешевиќ ја освои главната награда на 16. „МакеДокс“
Наградата „Кромид“ за најдобар долгометражен документарен филм на 16-тото издание на фестивалот „МакеДокс“ ја освои „Земја и крилја“ на Стефан Малешевиќ, македонско-српска копродукција. Жирито, составено од Марк Едвардс, Џејмс Берклаз-Луис и Маргарита Арсова, ја пофали прецизноста на дистанцата, маѓепсувачката кинематографија и неочекуваната перспектива за родова еднаквост во рурална заедница. Наградата ја прими продуцентката Ивана Шекуткоска, која се заблагодари на...
Шеснаесет пливачи и пливачки ќе учествуваат на 38. Охридски пливачки маратон
Шеснаесет пливачи од шест држави ќе учествуваат на 38. издание на Охридскиот пливачки маратон што ќе се одржи утре во водите на Охридското Езеро од Свети Наум до Охридското пристаниште.
Дваесет и пет километарската патека „Климе Савин“ ќе ја пливаат 10 маратонци и шест маратонки.
Во женска конкуренција ќе настапат пливачките: Елена Лионело - Италија, Росана Гошева - Македонија, Алисја Гедриш...
Мицкоски: Имаме над 27 проценти повеќе откупени земјоделски производи споредено со истиот период лани
Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од откупот на земјоделски производи, кој како што истакна постојано се зголемува, бидејќи колку повеќе се произведува помалку ќе се увезува. Порастот на откупот, според него, исто така, е и показател на тоа дека за оваа Влада земјоделците се приоритет.
- Многу сум задоволен од откупот на земјоделски производи. Зошто? Затоа што во вториот квартал...
Судењето за нападот врз Арсовска продолжува – обвинетиот тврди дека е жртва
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судскиот процес против Сулејман Јамалари, обвинет за грубо насилство врз градоначалничката Данела Арсовска. Иако обвинението го терети за физички и вербален напад, Јамалари пред судот тврди дека не е напаѓач, туку жртва на инцидентот што се случи на 11 јули 2025 година кога Арсовска била на терен со овластени службени лица...
Самостојна изложба на скулпторот Озбек Ајваз
„Гласот на минатото“, скулптура што раскажува приказни, e самостојна изложба на скулпторот Озбек Ајваз поставена во Мобилната монтажна галерија во Паркот на франкофонијата.
Скулпторот Озбек Ајваз ќе ја претстави својата втора самостојна изложба „Гласот на минатото“ - скулптурална инсталација поставена во јавен простор.
Делото претставува уметнички потсетник на едно време кога читањето весници беше секојдневен ритуал, а вестите се примаа со...
Колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ на Меѓународниот славистички конгрес во Париз
Меѓу најзначајните изданија од областа на славистиката, на Меѓународниот славистички конгрес што се одржува на Универзитетот „Сорбона“ во Париз, Франција, е и колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ – првата национална монографија посветена на поетиката и стилистиката во јужнословенските земји, во издание на Комисијата за стилистика на Меѓународниот славистички комитет и Институтот за славистика на Универзитетот „Карл Франц“ во...
Прва проба на претставата „Куршуми над Бродвеј“ во Драмскиот театар во Скопје
Во пресрет на новата театарска сезона, во Драмскиот театар во Скопје се одржа првата проба на претставата „Куршуми над Бродвеј“. Директорот на Драмскиот театар, Роберт Вељановски, му посака добредојде на режисерот Ненад Витанов, а на колегите им посака успешен процес на подготовка на четвртата претстава од годинешната програма на театарот, поддржана од Министерството за култура и туризам.
Работењето на претставата...
Скриен храм на вода
Често недостапен поради високите бранови, единствен меѓу хиндуистичките храмови на Бали - храмот „Танах лот“ од 16 век на вода преживеал сите овие векови на корален гребен. Самото име, што значи земја во морето, зборува за улогата на храмот, кој, според традицијата, го штити островот од зли духови.
Морските змии во пештерите на карпата под храмот, според истото верување, го...
„ОпенАИ“ го претставува ГПТ5 – најдобриот модел на вештачка интелигенција
Техно
„ОпенАИ“ го претстави ГПТ5, својот најнапреден модел на вештачка интелигенција досега, кој секој може да го користи без да плати, т.е. во бесплатната верзија на ЧетГПТ. За разлика од претходните верзии, ГПТ5 не само што одговара на прашања туку може самостојно да креира апликации, да управува со календар, да пишува анализи и да решава сложени задачи без многу проблеми....







































