Кина: Враќањето на санкциите кон Иран е контрапродуктивно
Кина денеска го оцени како контрапродуктивна одлуката на Германија, Франција и Велика Британија да го активираат механизмот за враќање на меѓународните санкции против Иран поради неговата нуклеарна програма.
- Овој потег не е конструктивен и ќе му наштети на политичкиот и дипломатскиот процес за решавање на иранското нуклеарно прашање - изјави портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, нагласувајќи дека...
ЖЕЛБА ЗА ЕНЕРГЕТСКА НЕЗАВИСНОСТ: Норвешка ќе гради мали хидроцентрали и во заштитени реки
Снежни планини, смрзнати езера и домови кои се греат со топлински пумпи што непрекинато ја цицаат електричната енергија од мрежата. Од истата струја се снабдуваат и електрични возила, чија бројка континуирано расте и ако во 2023 година 82,4% од сите нови возила биле електрични, во 2024 година таа бројка се искачила на 88,9 %. Ова слика го ислустрира и континуираниот...
Клековски: Немаме пријава за непотребна операција, пациентите да поднесат претставки доколку се сомневаат
Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, изјави дека досега немало пријави за непотребна операција. Изјавата на Клековски доаѓа откако кардиологот Сашко Кедев пред неколку дена изјави дека во некои приватни болници се вршат непотребни интервенции со цел профит, вклучувајќи и стентирања и операции.
- До средата немаше ниту една пријава за евентуална постапка за непотребна операција. Ние повторно...
Се прават напори измените на Законот за локална самоуправа да се донесат до 12 септември, вели Перински
Министерот Златко Перински потврди дека се прават напори Законот за локална самоуправа, кој е блокиран во Парламентот, да се донесе до 12 септември, кога е закажана последната парламентарна седница пред изборите.
Тој истакна дека пред да биде предложен законот во Собранието, биле потрошени повеќе од шест до седум месеци на консултации и дебати со сите засегнати страни, вклучително и со...
МВР на Србија: Во писмо за министерот Дачиќ пронајдени три куршуми
Српското МВР соопшти денеска, дека вчера, при редовното сортирање на поштата во зградата на Владата на Србија, во коверт адресиран до вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, биле пронајдени три куршуми.
При безбедносната проверка на пратката на рендгенски уред, било утврдено дека во пликот има куршуми. Истрагата утврдила дека пликот бил предаден на 26 август во канцеларијата на...
Тајландската премиерка разрешена по одлука на Уставниот суд
Тајландската премиерка Паетонгтарн Шинаватра беше принудена да поднесе оставка само една година откако ја презеде функцијата, поради пресуда на Уставниот суд.
Судот, чија одлука беше пренесувана во живо, оцени дека 39-годишната премиерка ги прекршила етичките принципи во телефонски разговор што протече во јавноста и ја суспендираше уште во јули.
Со неа мора да поднесе оставка и целата влада, која до избор...
Телекомуникациските услуги поскапи за еден процент во вториот квартал на годишно ниво
Во вториот квартал годинава споредено со истиот квартал од минатата година цените на услугите за транспорт и складирање пораснале за 0, 7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според видови транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од 0,7 проценти, додека кај поштенските и курирските услуги остануваат непроменети. Во истиот период, информира ДЗС, цените на услугите...
Николоски: Владата инвестира 280 милиони денари во проекти во Општина Крива Паланка
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и директорот на ЈПДП, Коце Трајановски денеска извршија увид во градежните активности на државниот пат А2, обиколница „Крива Паланка“.
- Македонија се гради како никогаш досега, низ државата има повеќе од 1200 градилишта, нешто што досега не се случило, повеќе од половина милијарда само средства финансирани...
Перински: Ресурсниот центар за поддршка на општините – механизам кој ќе им овозможи долгорочна, одржлива и стручна поддршка
Со Ресурсен центар за поддршка на општините Владата презема мерки за воведување на систематизирана и институционализирана поддршка во функција на реформа на локалната самоуправа. Центарот, како што изјави на денешната прес - конференција, министерот за локална самоуправа Златко Перински ќе понуди изводливи и одржливи решенија за зајакнување на капацитетите на општините.
- За да се одговори на овој децениски предизвик...
Подметнат пожар на локалитетот Мушов Гроб
Подметнат е пожар на локалитетот Мушов Гроб, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
- Мобилизација на сите надлежни служби на терен, поради подметнат пожар на локалитетот Мушов Гроб. На местото веднаш интервенираат екипите од ТППЕ Кавадарци, кои со координирани активности работат на локализирање и целосно ставање под контрола на пожарот - соопштија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму подвлекоа...







































