Полицијата ноќеска на локалниот пат Илинден–Марино го лишила од слобода 41-годишниот Д.В. од Скопје, кој управувал автомобил под дејство на алкохол и без возачка дозвола, пренесе МИА.
При контролата било утврдено дека возачот на „Опел“ имал 2,13 промили алкохол во крвта. Возилото е одземено, а за случајот е известен јавен обвинител.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредниот период, а МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите.


































