„ОпенАИ“ го претставува ГПТ5 – најдобриот модел на вештачка интелигенција

Техно „ОпенАИ“ го претстави ГПТ5, својот најнапреден модел на вештачка интелигенција досега, кој секој може да го користи без да плати, т.е. во бесплатната верзија на ЧетГПТ. За разлика од претходните верзии, ГПТ5 не само што одговара на прашања туку може самостојно да креира апликации, да управува со календар, да пишува анализи и да решава сложени задачи без многу проблеми....

„Баскерфест“ годинава во форма на карван

Под мотото „Побарај ја забавата“ почна петнаесеттото издание на „Баскерфест“ - еден од најпрепознатливите улични фестивали во Македонија. Како што најавија организаторите, фестивалот годинава е во форма на карван, односно ќе се движи на 13 локации во девет града низ земјава. До 6 септември низ градските улици ќе продефилираат над 20 интернационални артисти од сите краеви на светот. Фестивалскиот карван почнува...

Тамара Котевска го освојува и Венецијанскиот филмски фестивал со два филма

Режисерката Тамара Котевска годинава повторно се појави ексклузивно во „Варајати“. Нејзиниот четврти долгометражен документарен филм, кој се снима во Сибир, е селектиран на престижниот копродукциски маркет во Венеција, а годинава авторката ќе се претстави на фестивалот со два документарни филма. По четири години поминати снимајќи ја „Медена земја“, три награди на „Санденс“ и две номинации за „оскар“, помина долго патешествие...

Албанија погодна за одгледување егзотично овошје

Маракуја, гуава, питаја или кивано - климатските промени ги охрабрија албанските земјоделци да почнат да одгледуваат егзотично овошје, кое имаат намера да го продадат или веќе го продаваат на европскиот пазар. Малата фарма на искусниот агроном Иракли Шкоза, сместена во близината на морето во централниот дел на Албанија, е еден вид рајска градина што напредува на јадранското сонце. Со...

Иран е подготвен да ги продолжи нуклеарните преговори, со добра волја од Западот, истакна Аракчи

Шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, ја информираше високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Каја Калас, за подготвеноста на Техеран да ги продолжи преговорите за нуклеарната програма, под услов Западот да покаже добра волја. По повод објавата на „европската тројка“ (Франција, Германија и Велика Британија) за активирањето на „механизмот за брза реакција“ и обновувањето на санкциите против...

Искрен реалистичен портрет на младиот човек на маргините

Филмот „400 удари“ (1959) е дебитантски долгометражен филм на Франсоа Трифо и претставува столб на таканаречената нова француска кинематографија. Во него, преку приказната за младиот Антоан Дуанел, Трифо нуди искрен и длабоко емотивен поглед кон животот на едно дете, кое се обидува да најде свое место во светот што постојано го отфрла. Трифо создава еден биографски портрет на младиот...

Министрите за одбрана на северните земји на ЕУ ја поддржуваат Украина и бараат нови санкции против Русија

Поддршката за Украина и зајакнувањето на нејзината одбранбена индустрија се главните теми на денешната средба на министрите за одбрана на ЕУ во Копенхаген - изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен. Литванската министерка за одбрана Довила Шакалиене истакна дека секундарните санкции се најефективниот начин за блокирање на финансирањето на руската војна во Украина. Од друга страна, естонскиот министер за одбрана...

„Два дена, една ноќ“ зборува тивко, но одекнува силно

Филмот го истражува односот помеѓу личниот интерес и колективната етика. Секој работник е соочен со избор: да задржи значителен бонус или да ја поддржи колешката што се бори со ментално здравје и егзистенцијален страв. Сандра (извонредната Мерион Котијар) се соочува не само со загуба на работата туку и со депресија, анксиозност и губење на самодовербата. Нејзината борба е емотивна, интимна...

Суров и трогателен поглед кон моралните дилеми

Режисерот Борис Лојкин преку „Приказната на Сулејман“ длабоко и дрско навлегува во теми што се општо неприфатени, неоткриени и контроверзни. Бирократското насилство и борбата за преживување на луѓето, кои се принудени да се справуваат со секакви предизвици за да дојдат до легален престој во една европска држава, се во фокусот на неговиот филм. Приказната покажува како преживувањето во систем...

Босна – инкубатор за терористички активности во Европа

Американската разузнавачка служба (ЦИА) предупредува за ширење на радикалниот исламизам во регионов Корпусот на исламската револуционерна гарда Кудс (Ерусалим), кој „е специјализиран за странски мисии, обезбедувајќи совети, финансирање, водство, материјална поддршка, обука и оружје за милитантите, дејствува на територијата на Босна и Херцеговина, се наведува во делот „тероризам“ во ажурираниот извештај на ЦИА објавен на 13 август. Вахабистите активни во БиХ...