Путин и Си Џинпинг разговараа за најновите руско-американски контакти

Putin - Xi Jiping
Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со кинескиот претседател Си Џинпинг за најновите руско-американски контакти, соопшти денеска помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка што се одржува во кинескиот град Тјенџин. - Да, нашиот претседател, пред сè, многу детално комуницираше, секако, со претседателот на Народна Република Кина. Седеа заедно и можеа активно и...

Телефонската линија 192 повторно е во функција, соопштија од СВР Скопје

Отстранети се техничките проблеми и повторно е во функција телефонскиот број 192, кој граѓаните на Скопје можат да го користат за било каква пријава или информација - информира Секторот за внатрешни работи Скопје. За истата намена, како што велат, редовно функционира и телефонскиот број 112, како и телефонските броеви на полициските станици во населбите каде граѓаните живеат

Пожарот во Вардариште под целосна контрола – се нормализира снабдувањето со струја

Пожарот кој попладнево избувна на дивата депонија во скопската населба Вардариште е ставен под целосна контрола - информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Поради големиот пожар, повеќе населби во Скопје останаа без електрична енергија, откако беа исклучени дел од далеководите од безбедносни причини. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека електричната енергија  постепено се пушта и снабдувањето ќе...

СВР Скопје: Поради технички причини не е во функција телефонскиот број 192

Поради технички причини не е во функција телефонскиот број 192, информира Секторот за внатрешни работи Скопје. -За било каква пријава или информација, граѓаните на Скопје можат да го користат бесплатниот телефонски број 112 или телефонските броеви на полициските станици во населбите каде живеат - посочуваат од СВР Скопје и додаваат дека се преземаат мерки бројот 192 што побрзо да се...

Од утре фељтон „Маркетинг и пропаганда“ на Никола Ристевски во „Нова Македонија“

„Нова Македонија“ објавува нов фељтон на Никола Ристевски, кој како магистер по маркетинг-менаџмент, публицист и продуцент дава стручен приказ за историјата на маркетингот, маркетишката мисла, рекламата и пропагандата. - Самиот термин „маркетинг“ како дејност има многу побогата содржина и определби, кои постојано се развиваат и прошируваат под влијание на општо-човечкиот процес. Уште од најраните форми на пазарна организација на стопанството...

Поради пожар на Вардариште исклучени далеководите за Аеродром, Лисиче, Ченто и 4 села

Поради пожар на дивата депонија Вардариште каде што е зафатен поголем простор и постар објект исклучена е струјата за корисниците на Аеродром и Лисиче, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Во моментот интервенираат 13 пожарникари со пет противпожарни возила. Исклучени се далекуводите за Аеродром и Лисиче заради пожарот - се наведува во соопштението. -Од безбедносни причини исклучени се неколку...

Притвореник починал во Затворот Скопје

Притвореник од Долно Коњари вчера починал во КПУ Затвор Скопје - информираат од полицијата. -На 30.08.2025 околу 15.30 часот во СВР Скопје од страна на вработен во КПУ Затвор Скопје е пријавено дека М.П. (54) од Д. Коњари, кој бил во притвор, побарал лекарска помош. Од страна на доктор од Итна медицинска помош во 15.58 часот била констатирана смрт, без...

Деветнаесетгодишно момче загина во минско поле во БиХ

Деветнаесетгодишно момче загина на минско поле во Босна и Херцеговина, со што стана уште една жртва на војната што во оваа земја се водеше од 1992 до 1995 година, по која останаа бројни неексплодирани мини кои не се отстранети ниту по 30 години. Инцидентот се случил во близина на Добој, во централниот дел на Босна и Херцеговина, а младиот човек,...

Си: Кина и Индија се партнери за соработка, а не соперници

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска, за време на средбата со индискиот премиер Нарендра Моди, изјави дека Кина и Индија се партнери во соработката, а не соперници, и дека двете земји една за друга се развојни прилики, а не закани. Како што објави кинеското Министерство за надворешни работи, Си по средбата со Моди во кинескиот пристанишен град Тјенџин изјави дека „танцот...

Јаневска: Новата учебна година ќе ја започнат 245 илјади ученици со учебници за сите

Новата учебна 2025-2026 година утре ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните часови ќе траат до 15 мај. Обезбедени се учебници за сите ученици, а за првпат по седум години ќе има и учебници по странските јазици. Ова денеска на прес-конференција...