Трговскиот центар „Сити мол“ е евакуиран, добиена дојава за поставена електронска направа
Трговскиот центар „Сити мол“ е евакуиран откако е добиена дојава за поставена електронска направа. Пријавата е сигната на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници се на терен и вршат проверки.
- Денеска (25.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговскиот центар „City mall“ во Скопје се поставени експлозивни направи....
Арагчи по средбите со пакистанските претставници го напуштил Исламабад
Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека министерот за надворешни работи Абас Арагчи по средбите со пакистанските претставници го напуштил Исламабад.
Арагчи во Исламабад се сретна со началникот на пакистанската армија Асим Мунир и со премиерот Шехбаз Шариф.
Пакистанскиот премиер средбата со Арагчи ја опиша како „многу топла и срдечна размена на мислења за моменталната регионална ситуација“.
- Разговаравме и за прашања...
Речиси 90 проценти од законите што ги предлага Владата се во редовна постапка, рече Гаши
Речиси 90 проценти од законите што ги предлага Владата се во редовна постапка. Останува овој проблем да го надминеме и кај пратениците кога поднесуваат предлог законски решенија, истакна претседателот на Собранието Африм Гаши на дводневната национална дебата за улогата на Собранието во процесот на пристапување во ЕУ што попладнево почна во законодавниот дом.
- Најчести предлагачи се Владата и пратениците....
Фестивал на Малата школа за краток филм – Битола 2026
Меѓународниот филмски Фестивал од Нанси, во соработка со НУ Центарот за култура Битола, по петти пат го организира Фестивалот на Малата школа за краток филм. Фестивалот, кој во Франција се одржува под името „Festival de la Petite École du Film Court“ и годинава го имаше своето 21-во издание, во Битола го реализираше своето петто издание.
Додека првите три изданија во...
Зеленски: Подготвени сме за мировни разговори со Русија во Азербејџан
Украина е подготвена за нови мировни разговори со Русија на територијата на Азербејџан, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата официјална посета на Баку, пренесува „Укринформ“.
По средбата со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, Зеленски информираше дека меѓу темите на разговор биле и можностите за посредување и одржување трилатерални преговори.
– За Украина е многу важно Русија да најде...
Македонец уапсен во Валона, изнајмил стан па го претворил во „база за дрога“
Албанската полиција во приморскиот град Валона, уапсила македонски државјанин, кој изнајмен стан претворил во „база за дрога“, пренесе МИА.
-Полицијата во Валона разби случај на дистрибуција на дрога, по операција спроведена од специјалисти за истраги за наркотици. Уапсен е македонскиот државјанин Б.Л. (53) кој изнајмил стан во населбата „10 јули“ каде ја чувал и подготвувал дрогата, кокаин и марихуана, во...
Зближувањето на културите е многу важно
Со пригодна програма, песни и рецитации, музика и цртање на ученици од Ателје Артика, денеска во Прилеп, беше одбележан месецот на франкофонијата.Во манифестацијата се вклучија околу 200 ученици од основните и средни училишта од Прилеп и од регионот.
-Преку јазикот се зближуваат културите.Франкофоните покажаа што научиле.Благодариме за поддршката на Француската амбасада.Овој настан го потврдува заедништвото меѓу Македонија и Франција -...
Николоски: 28 нови авиодестинации и раст од 30 проценти на патници во првиот квартал
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека Владата силно работи на развој на ависообраќајот во кој се воведени 28 нови дестинации и силен раст од 30 отсто на бројот на патници во првиот квартал од годината.
-Тоа е стратегија која ја работевме многу во 2024 година. Забележавме дека авиосообраќајот опаѓа многу, се намалува бројот на патници некаде околу...
Уапсен маж во Гостивар за силување малолетничка и објавување експлицитни содржини на социјални мрежи
Машко лице било лишено од слобода по сомнение дека силувало малолетничка во Гостивар и објавувало експлицитни содржини на социјалните мрежи.
Од Секторот за внатрешни работи - Тетово информираа дека од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи - Гостивар, од слобода бил лишен 29-годишниот Т.Б. од село Здуње.
- Тој бил пријавен на 24.04.2026 година од страна на...
Жителите на Долно Лисиче по долгогодишен проблем наскоро ќе добијат чиста и безбедна вода за пиење, истакна Ѓорѓиевски
Жителите на Долно Лисиче по долгогодишен проблем наскоро ќе добијат чиста и безбедна вода за пиење, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Како што објави на социјалните мрежи, заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, извршиле увид во изградбата на новата водоводна мрежа на улица „2“ во населбата.
– Ова е проект што за луѓето овде значи сигурност во секој...







































