Украина е подготвена за нови мировни разговори со Русија на територијата на Азербејџан, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата официјална посета на Баку, пренесува „Укринформ“.
По средбата со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, Зеленски информираше дека меѓу темите на разговор биле и можностите за посредување и одржување трилатерални преговори.
– За Украина е многу важно Русија да најде сила да ја заврши оваа неправедна војна. Подготвени сме за трилатерални разговори, како што претходно имавме во Турција и со нашите американски партнери во Швајцарија – изјави Зеленски.
Тој ја нагласи улогата на меѓународните партнери во напорите за постигнување мир, оценувајќи дека посредничките иницијативи се од суштинско значење за напредок во процесот.
Во рамки на посетата, Украина и Азербејџан потпишаа договори за соработка во областите на безбедноста и енергетиката.
Претседателот Алиев изјави дека двете земји размениле мислења и за воено-техничката соработка, посочувајќи дека постојат значајни можности за нејзино унапредување.
– Азербејџан и Украина ќе продолжат меѓусебно да го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет во сите меѓународни организации – нагласи Алиев.

































