Фото:Принтскрин

Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека министерот за надворешни работи Абас Арагчи по средбите со пакистанските претставници го напуштил Исламабад.

Арагчи во Исламабад се сретна со началникот на пакистанската армија Асим Мунир и со премиерот Шехбаз Шариф.

Пакистанскиот премиер средбата со Арагчи ја опиша како „многу топла и срдечна размена на мислења за моменталната регионална ситуација“.

– Разговаравме и за прашања од заеднички интерес, вклучително и понатамошно зајакнување на билатералните односи помеѓу Пакистан и Иран – објави Шариф на платформата Икс.