Експлозии во близина на канцеларијата на францускиот премиер во Париз
Околу 9:30 часот утринава комбе се запали на улицата Варен во Париз. Настанот се случил во близина на хотелот Матињон, каде што премиерот во заминување Себастијан Лекорну требаше да се сретне со лидерот на Сенатот, Жерар Ларшер, и претседателката на Националното собрание, Јаела Браун-Пивет, пренесува МИА.
Официјалната канцеларија на Лекорну се наоѓа токму во тој хотел.
Во неколку видеа објавени на...
Поради штети од руските воздушни напади, Киев најави поголем увоз на природен гас
Украина планира да го зголеми увозот на природен гас за околу 30 проценти поради руските воздушни напади врз нејзината гасна инфраструктура, соопшти министерката за енергетика Светлана Гринчук.
Гринчук на брифинг во Киев изјави дека разговарала со земјите од Г7 за можноста за дополнителен увоз на гас.
Таа посочи дека воздушните напади предизвикале „значителни“ штети врз производствените капацитети на Украина, но одби...
До четврток променливо облачно со дожд, а потоа стабилно, суво и потопло
Утре ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, информира УХМР.
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.
Францускиот премиер Лекорну во последен обид да го спаси владиниот кабинет
Францускиот премиер во оставка Себастијан Лекорну, денеска има последен обид да собере меѓупартиска поддршка за составот на својот кабинет, со цел да ја извлече земјата од длабоката политичка блокада.
Претседателот Емануел Макрон го задолжи 39-годишниот Лекорну да формира влада на почетокот на септември, откако Парламентот го собори неговиот претходник поради непопуларниот буџет за штедење.
Лекорну го претстави новиот кабинет во неделата...
Полицијата во Тирана уапси три лица во врска со убиството на судијата Астрит Калаја
Полицијата во Тирана уапси три лица во врска со убиството на судијата Астрит Калаја, сериозен инцидент што се случи во судницата на Апелацискиот суд.
Преку соопштение за медиумите, полицијата објави дека обезбедувањето во судницата не презело никакви мерки за физички претрес на чичкото и внукот Ѓон и Елвис Шкамби, иако уредот за скенирање (детектор), во моментот кога влегле во судницата...
Поради сомневање за фалсификат, мобилен царински тим заплени над илјада часовници „Ролекс“, „Бос“, „Армани“,
Вкупно 1.158 парчиња часовници со потпис на заштитени трговски марки „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ и „Томи Хилфигер“ се запленети при контрола на стока пријавена за транзит на граничниот премин Богородица. Случајот е откриен од мобилен царински тим, кој поради сомневање изврши детален преглед, при што се пронајдени часовници чија пријавена вредност согласно фактура издадена од фирма од Кина изнесува 60.852...
Нема достоинствена работа без достоинствени плати, велат од ССМ
Нема достоинствена работа без достоинствени плати кои ќе ги задоволат реалните егзистенцијални потреби на работниците и нивните семејства, порачува Сојузот на синдикати на Македонија по повод 7 Октомври - Светскиот ден на достоинствената работа.
Од ССМ укажуваат дека платите во државата значително заостануваат зад реалните животни трошоци, дека според нив, истите создаваат сиромаштија, поттикнуваат масовна миграција и дека затоа нивното...
Судиите на Основниот кривичен суд – Скопје со сочувство до судиите во Албанија
Судиите на Основниот кривичен суд Скопје изразуваат најдлабоко сочувство и искрена солидарност до семејството, роднините и блиските пријатели на судијата Астрит Каљаја од Тирана, Албанија, кој во текот на вчерашниот ден беше убиен во судница, при извршување на неговата функција како судија.
- Во овие тешки моменти, ги уверуваме судиите од Албанија, и семејството на покојниот судија, дека тие се...
Неготинец пријавил дека синот бил физички малтретиран од друг малолетник
Неготинец пријавил дека синот му бил физички малтретиран од друг малолетник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
Како што информираа оттаму, вчера во 11:30 часот во ОВР Неготино,
Т.М. (36) од Неготино, пријавил дека неговиот малолетен син, во училиштето во кое учи и надвор од него, подолг период бил физички и психички малтретиран од друг малолетник.
Известен бил јавен обвинител...
Околу 71.000 пилиња ќе бидат уништени поради епидемија на птичји грип во Холандија
Во Холандија повторно е потврдено присуството на птичји грип, за првпат по март, во покраината Дренте, на фарма за гоење кокошки каде што ќе бидат еутанизирани 71.000 кокошки.
- Иако знаеме дека ризикот се зголемува на есен, секој случај што ни се појавува секако е разочарувачки. Се надевав дека тоа сепак ќе се случи неколку месеци подоцна - рече претседателот...






































