Интензивно се работи на реализацијата на проектот за градски воз, информираше Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека интензивно се работи на реализацијата на проектот за градски воз, кој треба значително да го подобри јавниот превоз во главниот град.
Според неговата објава, проектот предвидува брза железничка врска од Драчево до центарот на Скопје, со време на патување од околу 11 минути. Станува збор за рехабилитација на железничката пруга на делницата Транспортен...
Министерот за култура остро реагира на обвинувањата од раководството на СКРМ
Министерот за култура Зоран Љутков остро реагира на обвинувањата од раководството на СКРМ, оценувајќи дека подолг период во јавноста се пласираат неточни и тенденциозни информации со цел да се создаде погрешна слика за неговото работење и односот кон културните работници.
Во својата реакција испратена до медиумите, министерот нагласува дека во ниту еден момент не ги довел во прашање правата на...
Штип УГД и Борец ќе се борат за шампионската титула
Одбојкарите на Штип УГД и Борец ќе се борат за шампионската титула во Првата лига мажи, откако двата тима ја потврдија фаворитската улога и очекувано, во два натпревари ја затворија полуфиналната серија на плејофот.
Штип УГД пласманот во финалето го потврди со две максимални победи над Работнички 71&22 и најави дека сезонава ќе атакува на двојната круна.
Борец, пак, стави крај...
Пронајден експлозив кај гасоводот Србија–Унгарија, Вучиќ ја алармираше Будимпешта
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека српските безбедносни служби откриле експлозивни направи во близина на гасната инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија.
Во објава на социјалните мрежи, Вучиќ информира дека за наодите веќе го известил унгарскиот премиер Виктор Орбан, со кого разговарал телефонски.
- Нашите воени и полициски единици пронајдоа експлозив со голема разорна моќ, како и детонациски средства...
Околу 65 килограми марихуана запленети кај Градско, истрага против две лица
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, информираше Основото јавно обвинителство.
- Осомничените заеднички вршеле недозволен транспорт на околу 65 килограми марихуана, а биле откриени на наплатната рампа Стоби, во близина...
Силјановска Давкова со честитка до католичките верници
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Велигден, упати честитка до скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов, како и до сите верници од католичка вероисповед, посакувајќи им празничните денови да ги поминат во добро здравје, радост, љубов и среќа.
Во честитката, Силјановска-Давкова истакнува дека речиси два милениума Христовото воскресение постојано влева надеж и ја зацврстува вербата во доброто...
Наковски Волеј и Младост УГД го „заверија“ полуфиналето, ги чекаат ривалите
Лидерот Наковски Волеј и второпласираниот тим на табелата Младост УГД го потврдија своето место во полуфиналето на плејофот во Првата лига жени. Конкуренцијата треба да ја добијат најрано на средината на следната недела кога се играат реванш натпреварите од преостанатите два четвртфинални дуели.
Наковски Волеј со две максимални победи над градскиот ривал Струмица жени стигна до „четворката“.
Младост УГД мораше добро...
Денеска изменет сообраќај во Скопје, се одржуваат две трки
Во Скопје денеска ќе се одржат две спортски трки, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на повеќе локации низ градот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Со почеток во седум часот ќе се одржи планинската трка „Водно-Матка Треилс 2026“, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај на дел од патната мрежа.
Сообраќајот ќе биде привремено затворан во...
Верниците на Римокатоличката црква денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден
Верниците на Римокатоличката црква денеска го слават најголемиот христијански празник – Воскресение Христово, Велигден.
Централното одбележување во државава традиционално се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде што синоќа беше отслужена свечена Воскресна литургија, пренесе МИА.
На литургијата присуствуваа претседателката Гордана Силјановска-Давкова, претставници на институциите, верските заедници, дипломатскиот кор и бројни верници. Велигденското бдение започна со благослов на...
Времето денеска ќе биде сончево и топло
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се...








































