Фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Одбојкарките на Наковски Волеј се радуваа на шампионската титула во женска кадетска конкуренција. Во финалето на завршниот турнир што викендов се одигра во СЦ „Форца“ во Скопје. екипата на Александар Митев со 3:1 (25:21, 25:22, 22:25, 25:18) го совлада тимот на Пелистер Волеј.

Во дуелот за бронзениот медал, кој во оваа возрасна категорија се игра во два добиени сета, Газели Волеј со 2:1 го победи Младост УГД. Младост УГД го доби првиот сет со 25:18, додека Газели Волеј изедначи на 1:1 откако го доби вториот сет со 25:20, а во тај-брејкот домаќинот со убедливи 15:5 стигна до победата.

Претходно и во полуфиналното соочување со Наковски Волеј, Младост УГД загуби преку тај-брејк 2:1 (25:13, 23:25, 15:13), додека во првото полуфинале Пелистер Волеј по три сета ги совлада „газелите“.

 

ФИНАЛЕН ТУРНИР КАДЕТКИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Газели Волеј – Пелистер Волеј 1:2 (23:25, 25:5, 10:15)

Наковски Волеј – Младост УГД 2:1 (25:13, 23:25, 15:13)

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

Газели Волеј – Младост УГД 2:1 (18:25, 25:20, 15:5)

ФИНАЛЕ

Пелистер Волеј – Наковски Волеј 1:3 (21:25, 22:25, 25:22, 18:25)

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН

1.НАКОВСКИ ВОЛЕЈ

  1. ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ
  2. ГАЗЕЛИ ВОЛЕЈ
  3. МЛАДОСТ УГД