Академскиот синдикат алармира: Новите закони го загрозуваат високото образование и автономијата на универзитетите
Независниот академски синдикат (НАкС) реагира на предложениот пакет закони за високо образование и наука, барајќи од Министерството за образование и наука (МОН) да го продолжи процесот на јавна дебата, со цел да се избегнат, како што велат, „непоправливи штети“ врз системот.
Од НАкС информираат дека доставиле забелешки за сите три нацрт-закони, но дека значаен дел од нив не биле прифатени,...
Прво партиски реформи, па промени во Владата во мај–јуни, вели Мицкоски
Да се стрпиме неколку недели или месеци. Додека не бидам сигурен во она што го зборувам, нема да кажам ниту име, ниту процес, одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашањето дали ќе има промени во владиниот состав и има ли министри од чија работа не е задоволен, пренесе МИА.
Како што рече, до крајот на април и почетокот на мај ќе...
Владата разгледува неколку нови мерки кои би ги презела за амортизирање на последиците од кризата
Владата разгледува неколку нови мерки кои би ги презела за амортизирање на последиците од кризата доколку за тоа има потреба и тие ќе бидат димензионирани согласно глобалните случувања, вели премиерот Христијан Мицкоски. Досега, рече, земјава е можеби единствена која покрај намалување на акцизите го намали и ДДВ-то за горивата.
-Во следна фаза разгледуваме неколку мерки кои што ќе бидат микро...
Мицкоски: Нема толеранција за „лажни“ институти – ќе опстанат само оние што носат квалитет во високото образование
Премиерот Христијан Мицкоски порача да бидат спокојни сите институти кои генерираат квалитет во високото обрзование, но дека нема да бидат толерирани случаи по примерот што вчера го обелодени министерката Весна Јаневска која соопшти дека затвориле приватен институт кој работел во обложувалница.
-Нив не може да ги толерираме бидејќи мора еднаш во високото образование да почнеме да генерираме квалитет, а не...
Мицкоски вели дека состојбата со горивата е стабилна
Состојбата во овој момент е стабилна, имаме стратегија и граѓаните и бизнисот не треба да бидат загрижени и да стравуваат зашто има обезбедени количини на нафта и деривати и во овој момент нема потреба од какво било ограничување, изјави премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција на која соопшти дека со одлука на вонредна седница на Владата денеска се намалени акцизите...
СЗО алармира: Нападите врз нуклеарните објекти во Иран може да предизвикаат катастрофа што ќе уништи генерации
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изрази загриженост во врска со нападите на САД и Израел врз нуклеарните постројки во Иран по нападот во близина на нуклеарната централа Бушер.
Гебрејесус предупреди на платформата „X“ дека ваквите напади би можеле да предизвикаат нуклеарна катастрофа со здравствени последици што би „уништиле генерации“.
- Со секој ден што овој...
Мицкоски: Намалување на акцизите за 4 денари за дизелот и за безоловните бензини од 95 и 98 октани за 2 денара по литар
Намалување на акцизите за 4 денари за дизелот и за безоловните бензини од 95 и 98 октани за 2 денара по литар, одлучи Владата денеска на вонредна седница.
Одлуката на прес-конференција ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека со тоа драматично ќе се намали цената на горивата и се штити стандардот на граѓаните.
На вонредната седница Владата одлучи ДДВ-то за горивата...
Министерството за спорт ги награди победниците во Куп на ОФМ 2026
Освојувачите на трофеите на 33. издание од Купот на ОФМ 2026 година, Вардар ЕМ во женска, односно Штип УГД во машка конкуренција добија и парична награда од Министерството за спорт. Претставници на двата клуба, како и потпретседателот и членот на ИО на ОФМ, Кирил Калеников, беа на прием кај министерот за спорт Борко Ристовски, кој за освоените титули и...
Николоски: Преговорите за ЕЕС одат добро – има време до 30 септември, се решаваат визите за транспортерите
Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури.
-Преговорите одат добро. Значи во делот на камиони и во делот на...
Папата Лав ги повика верниците да не молчат за обемот на конфликтите во светот, туку да работат за мир.
Папата Лав вчера ги повика верниците да не молчат за обемот на конфликтите во светот, туку да работат за мир.
Папата досега отворено ја критикуваше војната во Иран, велејќи дека војната, неправдата и изолацијата создале недоверба и страв кај луѓето и ги прекинале врските меѓу нив. „Да не дозволиме да останеме парализирани“, рече американскиот папа на миса во најсветата ноќ...








































