Претставници на Македонците во Албанија дел од тркалезната маса од Мисијата на ОБСЕ

Мисијата на ОБСЕ во Република Албанија, организираше консултативен состанок со претставници на асоцијациите на малцинствата со цел поттикнување на дијалогот, размена на перспективи и зајакнување на соработката. Претставници од македонското и другите малцинства ги споделија своите искуства, предизвици и приоритети за унапредување на правата на малцинствата и социјалната инклузија. На средбата македонското национално малцинство го претставуваа Ендрит Фетаху, потпретседател на Македонска...

До 16 часот гласале 2.762 болни или немоќни лица

Гласањeто започна во 7 часот утринава и се одвива непречано во сите општини и Градот Скопје. Од вкупно 4.826 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на вториот круг од локалните избори, до 16 часот гласале 2.762 гласачи, информира Државната изборна комисија (ДИК). - Во 14 казнено поправни установи, каде што своето право на...

ДИК: Разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи, гласањето се одвива непречено

Државната изборна комисија (ДИК) информира дека денешното гласање на болни и изнемоштени лица и затвореници се одвива непречено, без пријавени потешкотии, проблеми или поплаки. - Се спроведува гласањето, навреме е започанто, немаме никаков проблем ниту со изборен материјал и изборни органи, немаме никакви забелешка, приговор, поплака или други информации. Надлежни овластени лица претпладнево беа на терен на одредени општински изборни...

Преку лажен упис на брак жена добила двоен идентитет и втор пасош

Матичари и советници во МВР овозможиле жена да добие двоен идентитет преку лажен упис за брак и издавање нов пасош. СВР Куманово поднесе кривична пријава против четири лица за „несовесно работење во службата“, откако било откриено дека во институциите во Лојане и Куманово бил создаден целосно нов идентитет за едно женско лице. Полицијата ги товари В.Б. (56), Н.З. (41), Х.Е. (53)...

За следење на вториот круг од локалните избори акредитирани 1.598 набљудувачи

За вториот круг на локалните избори акредитирани 1.598 набљудувачи од кои 933 домашни, 651 меѓународен и 14 странски новинари, соопшти на седница во петокот Државната изборна комисија. Најмногу домашни набљудувачи има Здружение за развој на општествено-социјални иновации „ВАКЕ УП" - Скопје - 685. Пред првиот круг на изборите за набљудување беа акредитирани и МКЦ-Битола 23, ЛАГ Агро Лидер-Кривогаштани со петмина набљудувачи,...

Малолетник се затрул од алкохол во угостителски објект во Гостивар

Малолетен гостиварец утрово завршил во болница каде му била пружена медицинска помош откако било пријавено дека е затруен по конзумирање алкохол во угостителски убјект, информираат од СВР Тетово. - На 01.11.2025 во 02:45 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар е пријавено дека кај нив е донесен малолетник затруен од консумирање на алхохол. Веднаш е постапено по пријавата и...

Во тишина оддадена почит за 16-те загинати во падот на бетонската настрешница во Нови Сад

Со 16-минутна тишина денеска во Нови Сад во 11 часот и 52 минути беше оддадена почит за 16- луѓе загинати лани во падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. Кон градот сѐ уште се движат колони граѓани кои сакаат да присуствуваат на денешниот комеморативен собир по повод година дена од трагедијата во која меѓу загинатите имаше и...

Божиновска-Медеб: Иновации и ВИ во служба на енергетската транзиција

Продлабочување на соработката меѓу Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и УНДП во повеќе приоритетни области – енергетска ефикасност, дигитализација, сајбер безбедност и развој на човечкиот капитал беа во фокусот на денешната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со Риад Медеб, директор на Хабот за одржлива енергија при Програмата за развој на Обединетите...

ДИК: Гласањето на болни и затвореници се одвива непречено

Гласањето за болни и немоќни лица, притворени и затворени лица, како и за граѓани сместени во установи за вонсемејна грижа, се одвива непречено во сите општини каде утре ќе се одржи вториот круг од локалните избори, вклучително и во Градот Скопје, информира Државната изборна комисија (ДИК). - Гласањeто денес започна во 7 часот утринава и истото се одвива непречано во...

Во штипскиот затвор почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за случајот 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски во Затворот во Штип, потврди за МИА, директорот на Казнено поправниот дом (КПД) Затвор, Штип, Дејан Здравков. Тој вели дека во моментов не може да споделува повеќе информации, бидејќи очекуваат насоки од Основното јавно обвинителство. Инаку Ѓорѓиевски е еден од осудените за 27 април, а беше осуден на казна затвор од 13 години. На социјалните мрежи се споделува информацијата...