Сведочењата за „Онкологија 2“ потврдуваат дека терапија се давала по личен избор, вели обвинителката

Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска тврди дека сведочењата за случајот „Онкологија 2“ потврдуваат финансиски малверзации и незаконско постапување со терапијата на Клиниката, која, наместо во аптека, завршувала кај директорот и се давала по личен избор. Додека, адвокатот Боби Спирковски, бранител на обвинетиот Никола Васев, го нарече обвинителниот акт „нејасен, незаконит и непрофесионален“, предупредувајќи дека со вакви постапки се кршат уставни...

Акни – зошто се појавиле и како да се решат

Автор: Д-р Александра К. Спасеноска, дерматовенеролог во Здравствен дом Скопје Акните се едни од најчестите дерматолошки заболувања кои влијаат на физичкото и психолошкото здравје на пациентите особено кај младата популација. Акните настануваат поради повеќекратни фактори од кои најзначајни се зголеменета продукција на себум од лојните жлезди, нарушувања на десквамацијата  на фоликуларниот епител, хормонски дисбаланс и бактериска колонизација со Propionibacterium acnes. Андрогените...

Во Полска и во Романија ќе биде распореден американскиот систем Меропс

По серијата упади на руски беспилотни летала во воздушниот простор на НАТО во Полска и во Романија ќе биде распореден нов американскиот систем Меропс за идентификување на дронови. Американскиот систем Меропс може да идентификува беспилотни летала и да им се приближи, користејќи вештачка интелигенција за навигација, кога сателитските и електронските комуникации ќе откажат. - Овој систем ни овозможува многу прецизно откривање....

Уште една жртва од пожарот во Тузла

Бројот на жртви од пожарот што го зафати Домот за пензионери во Тузла во вторникот вечерта се искачи на 12. Повеќе од 30 лица побарале медицинска помош во Универзитетскиот клинички центар во Тузла, потврди градоначалникот Зијад Лугавиќ. Граѓаните палат свеќи во чест на жртвите. Денеска е ден на жалост во Босна и Херцеговина и Црна Гора. Зијад Лугавиќ изјави дека меѓу повредените...

Во континуитет ги усогласуваме законите со европските стандарди и препораките на Венецијанската комисија, вели Филков

Граѓаните денес бараат правосудство што е ефикасно, непристрасно и достапно. Бараат судски одлуки што доаѓаат на време, обвиненија што се темелат на факти и докази, а не на претпоставки, институции што работат за јавниот интерес, а не за поединци, порача денеска министерот за правда Игор Филков на одбележувањето на 90-тата средба на правниците, организирана од Македонското здружение на правници. Во...

Судење за „Онкологија 2“: Сведочеше син на пациент кој се лекувал на клиниката

Sudenje Onkologija Nino Vasev
Со сослушување на сведоци во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“, во кој се обвинети поранешниот медицински директор Нино Васев и економскиот директор Нехад Нухи. Случајот е во доказна постапка, а обвинението го застапува јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска. На рочиштето беа сослушани тројца сведоци, доктор Ненад Митревски, членката на управниот одбор Биљана Гроздановска и...

Мицкоски: Инфлацијата оваа година меѓу 3,5 и четири проценти

Mickoski glasanje Lokalni izbori
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во изјава за медиумите во Петровец, посочи дека проекциите на Владата за инфлацијата во 2025 година се меѓу 3,5 и четири проценти. Премиерот одговарајќи на прашање на новинарите по однос проекциите на Народната банка за поголема стапка на инфлација споредбено претходните предвидувања на владиниот кабинет, истакна дека било очекувано овој октомври инфлацијата да биде поголема во...

Угостителските услуги во октомври поскапи од лани за 3,9 отсто

Цените на угостителските услуги во октомври 2025 година во однос на истиот месец од претходната година сe зголемени за 3,9 проценти, соопшти Државниот завод за статситика. Во периодот јануари – октомври годинава, пак, во однос на истиот период лани, цените  се зголемени за 5,1 проценти, а во споредба со  декември 2024 година растот е 2,1 проценти. Во октомври 2025 во однос...

Божиновска со енергетските лидери на форумот за партнерство за трансатланска енергетска соработка во Атина

Во Атина денеска официјално започна Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC)– глобален форум што ги обединува енергетските министри од 25 земји од Европа и Северна Америка, посветен на унапредување на енергетската безбедност и стратешките инфраструктурни проекти, на која учествува и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. По покана од американскиот секретар за енергетика Крис Рајт и...

Јаневска рече дека ќе ја почитува одлуката на Мицкоски ако одлучи да ја смени

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека ќе ја почитува секоја одлука на премиерот Христијан Мицкоски доколку има реконструкција на Владата и биде смената од ресорот што го предводи. На новинарско прашање дали ако има реконструкција таа ќе остане во ресорот образование и наука или ќе раководи со друг ресор, Јаневска одговори дека одлуката за сите предлози за...