Фон дер Лајен: Со Мецола и Фредериксен постигнавме „солидно разбирање“ за предлозите за буџетската рамка
На конструктивниот состанок со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола и претседавачката со Советот на ЕУ, данската премиерка Мете Фредериксен постигнавме „солидно разбирање“ за предлозите за Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година, како и јасен пат напред, информира претседателката на Европската комисијата, Урсула фон дер Лајен.
- Ги разјаснивме и зајакнавме нашите цели во три клучни области:...
Опозицијата победи во Приштина и Призрен, партијата на Курти го задржа Гњилане
Вториот круг од локалните избори во Косово се одржа вчера. Актуелните градоначалници беа повторно избрани во најголемите градови, вклучувајќи ги Приштина, Призрен и Гњилане. Српската листа го освои градоначалничкото место во десеттата општина со српско мнозинство, откако освои девет во првиот круг.
Актуелниот градоначалник на Приштина, Перпарим Рама, номиниран од опозициската Демократска лига на Косово (ЛДК), беше повторно избран во...
Доделена годишната Награда на најдобрите научници и уметник на УКИМ за 2024
Доделена е годишната Награда на најдобрите научници и уметник на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје за постигнати врвни резултати во 2024 година, соопштија попладнево од УКИМ.
Добитници на Наградата за најдобри научници и уметник на УКИМ за 2024 година, се проф. д-р Јасмина Петреска Станоева, од Природно-математичкиот факултет, најдобар научник за природно-математички науки; проф. д-р Христијан Ѓорески, од...
Трипуновски: Брисел нема најава за блокада на ИПАРД-средствата
Брисел нема најава за блокада на ИПАРД-средствата на кои што сме како држава корисници. Напротив, нашата борба против корупцијата која што ја водиме во моментов и дополнителните проверки кои што ги правиме во самата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се силно пофалени од страна на Брисел, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Како...
Презентирани фото и видео-материјали на судењето за случајот „Геријатрија“
Со изведување материјални докази од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за случајот „Геријатрија” за примање поткуп, против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи и Блерим Амити за примање награда за противзаконито влијание.
Во судница беа презентирани докази - фото и видео-материјали прибавени со примена на посебни истражни мерки, како извештаи...
Алиу: Ќе се интензивираат процесите на дигитализација и кај фармацевтските услуги
Министерот за здравство Азир Алиу денеска се сретна со претседателката на Фармацевтската комора, Весна Ставрова, и претседателката на Здружението на приватни аптеки, Џоана Андоноска.
На средбата, Алиу ја потенцираше дигитализацијата како еден од главните приоритети во сите сегменти на здравствениот систем, вклучувајќи ја и фармацијата, соопшти Министерството за здравство.
- Нашата заложба е континуирано унапредување на условите и воведување нови методи...
Аеродром доби ново детско игралиште, донација од Израел
Скопската општина Аеродром доби донација од Израел - ново детско игралиште.
Денеска, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски заедно со амбасадорката на Израел, Вивиен Ајзен, и градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески, присуствуваа на отворањето на новото детско игралиште – донација во чест на 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави.
- Упатив искрена благодарност до...
Дизелот поскапува за еден, а бензините за половина денар
Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за еден денар, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за половина денар за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува, одлучи РКЕ.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 денари за килограм и сега ќе изнесува 36,427 денари за килограм.
Според одлуката на Комисијата...
Трајков: Секоја реформа ќе биде плус на државното салдо
Секоја реформа ќе биде плус на државното салдо, а крајниот исход ќе го почувствуваат компаниите, институциите, а пред се граѓаните, истакнала заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков на денешната панел дискусијата во Стопанската комора посветена на „Планот за раст за Западен Балкан и националната Реформска агенда-зошто се важни за бизнис секторот?“.
Пред европските претставници и бизнис-заедницата, како што соопшти Министерството...
Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во септември 2025 година се зголемени за 0,2 отсто во однос на претходниот месец и за 3,9 проценти во однос на септември лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во септември 2025 година во однос на претходниот месец се намалени во...







































