Германските истражители откриле дека генералот Залужни е одговорен за саботажата на „Северен тек“, објави „Волстрит журнал“

Valery Zaluzhny
Германските истражители веруваат дека зад експлозиите на гасоводите „Северен тек 1 и 2“ стои група Украинци кои дејствувале под директно водство на тогашниот врховен командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни. Како што пишува „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на германската полиција, обвинители и други добро информирани извори, истражителите развиле „јасна слика за тоа како елитна украинска воена единица...

Во Словенија закажан референдум за асистираното умирање

Словенечките власти најавија референдум за 23 ноември за законот што би го регулирал асистираното (потпомогнато) умирање - објавија денеска словенечките медиуми. Поддржувачите тврдат дека асистираното умирање би им обезбедило достоинство и слобода на избор на луѓето при крајот на животот, додека противниците предупредуваат дека на овој начин би била нарушена уставната заштита на животот, што би ги загрозило ранливите поединци...

Повеќе од 1.500 летови откажани во САД, Трамп им се закани на контролорите на летање, веднаш да се вратат на работа

Повеќе од 1.500 летови беа откажани во САД денеска, а над 1.200 беа одложени поради продолжениот делумен прекин на работата на федералната влада, што предизвикува хаос во авиосообраќајот четврти ден по ред. Според податоците на веб-страницата за следење летови „FlightAware“, денеска се откажани над 1.550 летови, додека вчера биле откажани 2.950, а речиси 10.800 биле одложени – што е најтешкиот...

Осуммина загинати во експлозија близу Црвената тврдина во Њу Делхи

New Delhi
Осум лица загинаа, а најмалку 24 се повредени при експлозија на паркирано возило во близина на метро станица до познатата Црвена тврдина во индиската престолнина Њу Делхи - објави „ПТИ“, повикувајќи се на официјални извори. Експлозијата се случила во период на густ сообраќај и предизвикала пожар на неколку околни возила. Видео снимки на социјалните мрежи покажуваат големи оштетувања и искршени...

Француски суд го ослободи Никола Саркози додека чека одлука по жалбата

Суд во Париз денеска донесе одлука за предвремено ослободување од затвор на поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, додека го чека исходот од неговата жалба. Оваа одлука следува само неколку недели откако 70-годишниот конзервативен политичар почна да ја издржува петгодишната затворска казна поради заговор за прибирање нелегални средства за претседателската кампања од Либија. Саркози беше осуден на 21 октомври, откако во...

Донесена одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата. Ваквата Одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. - За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и...

Мечка сериозно повреди човек во Прилепско

Жител на долненското село Секирци, 46-годишниот Ицко Милески хоспитализиран е на клиниките во Скопје по вчерашниот напад од мечка додека берел печурки. Тој вчера околу 13 часот со пријател бил на вообичаена берба на печурки во атарот на селото Рилево кога одненадеж го нападнала мечка. Сето се случило за десетина минути. По нападот мечката избегала. Според началникот на хируршкото одделение...

Можен прекин во работата на рафинериите на „Лукоил“ во Бугарија и Романија поради санкциите на Вашингтон

Романија и Бугарија се во трка со времето да спречат затворање на нивните клучни рафинерии за нафта, пред крајот на ноември да стапат во сила новите американски санкции насочени против нивните руски сопственици. Одлуката на Вашингтон да ги стави на црната листа компаниите „Лукоил“ и „Росњефт“ ги погоди европските земји, кои сега се обидуваат да спречат прекин во снабдувањето...

Фон дер Лајен: Со Мецола и Фредериксен постигнавме „солидно разбирање“ за предлозите за буџетската рамка

На конструктивниот состанок со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола и претседавачката со Советот на ЕУ, данската премиерка Мете Фредериксен постигнавме „солидно разбирање“ за предлозите за Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година, како и јасен пат напред, информира претседателката на Европската комисијата, Урсула фон дер Лајен. - Ги разјаснивме и зајакнавме нашите цели во три клучни области:...

Опозицијата победи во Приштина и Призрен, партијата на Курти го задржа Гњилане

Вториот круг од локалните избори во Косово се одржа вчера. Актуелните градоначалници беа повторно избрани во најголемите градови, вклучувајќи ги Приштина, Призрен и Гњилане. Српската листа го освои градоначалничкото место во десеттата општина со српско мнозинство, откако освои девет во првиот круг. Актуелниот градоначалник на Приштина, Перпарим Рама, номиниран од опозициската Демократска лига на Косово (ЛДК), беше повторно избран во...