Фискална едукација во основните училишта во Аеродром
Започнувањето на проектот „Фискална едукација“ беше одбележано денеска во основното општинско училиште „Браќа Миладиновци“. Со овој проект, како што беше нагласено, општина Аеродром станува прва општина во државата што ја воведува фискалната едукација во основните училишта.
На настанот присутни беа градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, како и државната секретарка во Министерството...
Критичните суровини како нов национален приоритет: зошто рударството е клучната алка на македонската индустриска политика
Македонија е пред важна крстосница во однос на развојот на рударството. Со Предлог-закон за рударство првпат системски се воведуваат „Листа на критични минерални суровини“ и „Листа на стратешки минерални суровини“, со обврска Владата на секои три години да ги преиспитува и ажурира суровините на двете листи. Ова ја усогласува земјата со европската и глобалната пракса и создава јасна рамка...
РСБСП започнува со зимска кампања „Вози безбедно-стигни сигурно”
Зимата носи многу снежни убавини, но и бројни предизвици на патиштата. Секој снег, мраз или дожд е тест за нашата одговорност зад воланот, посочуваат од Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), најавувајќи ја зимската кампања под мотото „Вози безбедно – стигни сигурно“, со порака дека малку повеќе внимание, правилна опрема и внимателно возење можат да спасат...
Кратово – еден од најстарите градови во Европа (втор дел)
Мистична Македонија: Музеј под отворено небо
Фељтон на „Нова Македонија“ според документарните серии и филмови на продукцијата „Аристон“ и книгата „Mystical Macedonia: An Open Air Museum“, објавена на „Амазон“ од Никола Ристевски, магистер по маркетинг-менаџмент, публицист и продуцент
Според староседелците, црквата „Свети Јован Крстител“ во Кратово постоела уште од многу одамна, а била запалена за време на Карпошовото востание, кога изгорел...
Пасошот може да се изгуби, идентитетот – не!
Акцент
Идентитетот не се добива во амбасада и не се губи на граница. Идентитетот не е формулар. Идентитетот е нешто што стои во коските, во прадедовците, во јазикот, во солзата кога ќе го чуеш звукот на гајда, зурла или кавал, во немирот кога се спомнува неправда врз Македонија. Сè што е документ – истекува. Сè што е идентитет –...
Ехото на експлозиите што ќе ја урне германската поддршка за Украина
Разоткривањето на сторителите и инспираторите за саботажата на „Северен тек 1“ има потенцијал да предизвика раскол низ Европа
Судењето на осомничениот Украинец за саботажа на гасоводот „Северен тек 1“ може да биде меч со две сечила: од една страна би се потврдил професионализмот на германската истрага, а од друга тоа би било сериозен негативен удар за односите на Германија...
СОМНАМБУЛ
Му се случуваше да не може да се сети кога во текот на ноќта ја извадил долната забна протеза и каде ја бутнал. Следното утро, испотен до гола кожа, со испакнати очи, бараше каде би можела да испадне – меѓу постелнината, на полицата во бањата, под креветот – безуспешно, додека, по предолги минути, не ја пронајде, извадена и оставена...
„Енергија на материјата“ на Благојче Наумоски-Бане во „Галери МЦ“ во Њујорк
Во просториите на „Галери МЦ“ во Њујорк, на 14 ноември 2025 година, ќе биде отворена самостојната изложба на уметникот Благојче Наумоски-Бане, со наслов „Енергија на материјата“ (Geometry of Matter).
Изложбата претставува просторно истражување на енергијата и материјалноста преку геометриска апстракција, каде што цртежот се претвора во медиум за размислување за односот меѓу видливото и невидливото, структурата и движењето, формата и...
Родовиот театарски паноптикум
(Кон „Сексуален театар (феминистичко читање на класиката)“, меѓународен театарски проект на Босанскиот народен театар од Зеница, Босна и Херцеговина, „Фаз култура“ од Брага, Португалија, Универзитетот „Пол Валери“ од Монпелје, Франција, и на ЈУ „Будва град театар“ од Будва, Црна Гора)
Театарската промисла секогаш има некаков тангенцијален допир со науката, но секогаш истражувањето завршувало повторно со театарски чин, како плод...
Јаневски засега е најпријатно изненадување
ВЕТЕРАНСКИ ШАХОВСКИ ФЕСТИВАЛ
Борбени и неизвесни партии имаше во четвртото коло на третиот турнир, во класичен шах, на ветеранскиот шаховски фестивал „Незаборав за хероите 1941-1944“, кој во организација на ШКВ Скопје 72 се игра во седум кола во просториите на ШК Алкалоид. Вистинска драма беше видена на втората табла, каде што ФМ Љубомир Хаџи-Манев (1.965 рејтинг-поени, рангиран шести пред турнирот),...








































