ФУДБАЛ
Шпанскиот голман Унаи Симон има најдолга серија натпревари без примен гол на фудбалските светски првенства (СП), соборувајќи 36-годишен рекорд, во победата на Шпанија на мечот со Австрија со 3-0 во четвртокот, во шеснаесеттина финалето, што беше неговата четврта последователна средба без примен погодок на годинашното Светско првенство што се игра во САД, Мексико и во Канада, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (СП).
Симон не примил гол 519 минути по ред на натпревари на две светски првенства во низа. Тој го собори рекордот поставен во 1990 година од познатиот италијански голман Валтер Ѕенга, кој забележа 517 минути по ред без примен погодок и пет последователни меча без затресена мрежа на Светското првенство што се играше во Италија.
Репрезентацијата на Шпанија уште не примила гол на СП 2026. Симон и Шпанија примија само три погодока на четири натпревари на Светското првенство во Катар во 2022 година. Серијата на Симон без примен гол почна за време на поразот на Шпанија од Јапонија со 2-1, а продолжи и во ремито без голови со Мароко, меч во кој потоа Шпанија беше елиминирана на пенали, пишува АП. Н.М.

































