Селими: Локалната демократија е клучна за успешна децентрализација
Нема успешна децентрализација без локална демократија. Овие два процеса се нераскинливо поврзани, порача денеска заменик-министерот за локална самоуправа Ерџан Селими на Првата регионална конференција на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 3 (ReLOaD3), која се одржува во Скопје под мотото „Резултати и регионално влијание: Зајакнување на локалното управување и граѓанското општество во Западен Балкан“.
Селими истакна дека проектот...
Се бара решение за 550-те вработени во „Лукоил“ – Македонија
Се бара решение за 550-те вработени во подружницата на руската компанија „Лукоил“ во Македонија откако од овој енергетски гигант одлучија да го продадат имотот во странство по санкциите за нафта што ги воведе американскиот претседател.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски денеска изјави дека треба да и се даде шанса на „Лукоил“ - Македонија и дека може...
РКЕ не очекува било какви поместувања на цената на струјата
До крајот на месецов или почетокот на следниот месец, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги соопшти цените за пренос и дистрибуција на електричната енергија. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, не очекува било какви поместувања во овој дел.
- МЕПСО побара минимално зголемување од 0,67 проценти за пренос на електрична енергија, операторот на пазарот не побара зголемување,...
Фискална едукација во основните училишта во Аеродром
Започнувањето на проектот „Фискална едукација“ беше одбележано денеска во основното општинско училиште „Браќа Миладиновци“. Со овој проект, како што беше нагласено, општина Аеродром станува прва општина во државата што ја воведува фискалната едукација во основните училишта.
На настанот присутни беа градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, како и државната секретарка во Министерството...
Критичните суровини како нов национален приоритет: зошто рударството е клучната алка на македонската индустриска политика
Македонија е пред важна крстосница во однос на развојот на рударството. Со Предлог-закон за рударство првпат системски се воведуваат „Листа на критични минерални суровини“ и „Листа на стратешки минерални суровини“, со обврска Владата на секои три години да ги преиспитува и ажурира суровините на двете листи. Ова ја усогласува земјата со европската и глобалната пракса и создава јасна рамка...
РСБСП започнува со зимска кампања „Вози безбедно-стигни сигурно”
Зимата носи многу снежни убавини, но и бројни предизвици на патиштата. Секој снег, мраз или дожд е тест за нашата одговорност зад воланот, посочуваат од Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), најавувајќи ја зимската кампања под мотото „Вози безбедно – стигни сигурно“, со порака дека малку повеќе внимание, правилна опрема и внимателно возење можат да спасат...
Кратово – еден од најстарите градови во Европа (втор дел)
Мистична Македонија: Музеј под отворено небо
Фељтон на „Нова Македонија“ според документарните серии и филмови на продукцијата „Аристон“ и книгата „Mystical Macedonia: An Open Air Museum“, објавена на „Амазон“ од Никола Ристевски, магистер по маркетинг-менаџмент, публицист и продуцент
Според староседелците, црквата „Свети Јован Крстител“ во Кратово постоела уште од многу одамна, а била запалена за време на Карпошовото востание, кога изгорел...
Пасошот може да се изгуби, идентитетот – не!
Акцент
Идентитетот не се добива во амбасада и не се губи на граница. Идентитетот не е формулар. Идентитетот е нешто што стои во коските, во прадедовците, во јазикот, во солзата кога ќе го чуеш звукот на гајда, зурла или кавал, во немирот кога се спомнува неправда врз Македонија. Сè што е документ – истекува. Сè што е идентитет –...
Ехото на експлозиите што ќе ја урне германската поддршка за Украина
Разоткривањето на сторителите и инспираторите за саботажата на „Северен тек 1“ има потенцијал да предизвика раскол низ Европа
Судењето на осомничениот Украинец за саботажа на гасоводот „Северен тек 1“ може да биде меч со две сечила: од една страна би се потврдил професионализмот на германската истрага, а од друга тоа би било сериозен негативен удар за односите на Германија...
СОМНАМБУЛ
Му се случуваше да не може да се сети кога во текот на ноќта ја извадил долната забна протеза и каде ја бутнал. Следното утро, испотен до гола кожа, со испакнати очи, бараше каде би можела да испадне – меѓу постелнината, на полицата во бањата, под креветот – безуспешно, додека, по предолги минути, не ја пронајде, извадена и оставена...








































