Од паднати лисја одлично ѓубриво
Од градинарскиот отпад, но и од остатоците од храна лесно може да се направи компост, кој ја збогатува почвата и го забрзува растот на растенијата. Овоштарник, винова лоза, градина или саксии со цвеќе на тераса се причина за да се занимаваме со компостирање, под услов да можеме да обезбедиме минимум еден квадратен метар простор во дворот или на терасата....
Знаци дека косата ви опаѓа поради хормонски промени
Ако косата почне да опаѓа во бранови, со промени на кожата или расположението, вашето тело можеби ви испраќа порака дека е време да ги проверите хормоните. Опаѓањето на косата е проблем што ги зафаќа и жените и мажите, но причините не се секогаш исти. Додека стресот, лошата исхрана и неадекватната нега се чести виновници, сè повеќе стручњаци предупредуваат дека...
За спречување на шверц со дрога, Трамп е подготвен за воени акции во Мексико
Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп изјави дека е подготвен да изврши напади во територијата на Мексико доколку е потребно за да се спречи криумчарењето нелегални наркотици во САД.
- Дали би наредил напади на Мексико за да ја запреме дрогата? За мене тоа е во ред. Што и да е неопходно за да ја запреме дрогата. Го набљудував...
Општина Аеродром со целосно ослободување од комуналии за градба за млади до 35 години
Општина Аеродром информира дека воведува мерка за целосно ослободување од комуналии за сите млади до 35 години што го градат, го доградуваат или го надградуваат својот прв дом.
Со оваа мерка, што се однесува за делот од комуналиите во надлежност на Општина Аеродром, како што информираат од општината, младите добиваат значително финансиско олеснување и силна поддршка при нивниот животен чекор...
ФОТО: Газели со пресврт до триумф против шампионот Јанта во дербито на 6. коло од Првата женска одбојкарска лига
Во крајно возбудлив натпревар, пред полни трибини во спортскиот центар Форца, новиот прволигаш Газели го совлада актуелниот шампион Јанта Волеј со резултат 3:1 (18:25, 25:23, 25:23, 25:20)
Натпреварот кој со право го понесе епитетот дерби на колото не разочара. Шампионот сигурно го отвори натпреварот со 1:0, но во продолжението гледавме сосема поинаков меч. Во вториот сет екипата на Газели го...
Есенскиот извештај на ЕК сигнал дека се движиме во позитивна насока, вели Димитриеска- Кочоска
Есенските економски проекции на Европската комисија, кои што се објавени вчера, се јасен сигнал дека се движиме во позитивна насока, оценува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Во објава на Фејсбук таа наведува дека проекцијата за раст на македонската економија е зголемена за 2025 и 2026 година, што, како што вели, е потврда за стабилноста, издржливоста и довербата во нашите економски...
Уште две жртви од пожарот во Домот за пензионери во Тузла
Бројот на жртвите од неодамнешниот пожар во Домот за пензионери во Тузла се искачи на 17, откако во изминатите 24 часа починаа уште две лица.
Станува збор за две кориснички на Домот кои беа хоспитализирани во Универзитетско-клиничкиот центар Тузла (УКЦ).
- Во моментов во УКЦ на хоспитализација се двајца пациенти на Клиниката за интерни болести - соопштено е од тузланскиот УКЦ,...
Заради интензивните врнежи во тетовско, има проблем со апсорпцијата на атмоферската и фекалната канализација
Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Ова, како што велат, довело до задржување и создавање водени површини под подвозниците и надвозниците.
Од ЦУК апелираат за зголемена внимателност...
Орбан смета дека Брисел работи спротивно на европските вредности
Унгарија го квалификува како нелегално решението на ЕУ за укинување на увозот на руска енергија
Советот на Европската Унија минатиот месец одобри план за прекин на увозот на руски гас до 2028 година. Мерките бараат краткорочните договори да завршат во рок од шест месеци, а сите преостанати испораки на цевководи и течен природен гас (ЛНГ) да завршат до крајот на...
Царина спречила повеќе обиди за криумчарење на различна стока
Во изминатите две недели мобилните царински тимови спречија повеќе обиди за криумчарење различна стока.
Како што информираат од Царинката управа на Табановце биле пронајдени два употребувани фотоапарати Сони (SONY) и Канон (CANON), сокриени во автобус на релација Брисел–Скопје, вредни 87.300 денари, со избегнати давачки од 20.864 денари.
Во царинската испостава Гевгелија биле откриени 662,4 квадратни метри керамички плочки од Кина кои...








































