Новогодишно украсени излози / Фото: Маја Јаневска-Илиева
Нова Година е празник на украсите и сијаличките во милион бои и форми.
Во недостиг на новогодишни градски украси, дуќаните даваат проблесок на тоа што треба да биде највесел период во годината. Некои дуќани иако се украсени немаат вклучени светла, веројатно поради препораките за штедење.
Новогодишно украсени излози Фото: Маја Јаневска-Илиева
Новогодишно украсени излози Фото: Маја Јаневска-Илиева
Новогодишно украсени излози Фото: Маја Јаневска-Илиева
Новогодишно украсени излози / Фото: Маја Јаневска-Илиева
Новогодишно украсени излози Фото: Маја Јаневска-Илиева
Новогодишно украсен излог но без вклучено светло Фото: Маја Јаневска-Илиева
Угостителските објекти не штеделе на украсување за подигање на расположението на гостите. Особено е симпатично украсен скверот пред кафулето кај италијанската амбасада, со жива елка накитена со лампиони, со сијалички на дрвата и осветлен „ѕвезден“ свод. Станарите во своите домови поставуваат елки и светилки на прозорците што гледаат кон улиците. Некои влезови на станбените згради имаат накитени елки. А најубава е големата елка со сино-сребрени украси на ќошот на улицата „11 Октомври“ и булеварот „Кочо Рацин“.
Угостителите не штеделе на украсите Фото: Маја Јаневска-Илиева
Угостителите не штеделе на украсите Фото: Маја Јаневска-Илиева
Угостителите не штеделе на украсите Фото: Маја Јаневска-Илиева
Угостителите не штеделе на украсите Фото: Маја Јаневска-Илиева
Поставени елки на прозорците Фото: Маја Јаневска-Илиева
Новогодишна елка во влез Фото: Маја Јаневска-Илиева
Најголемата и најубавата елка Фото: Маја Јаневска-Илиева
Светлечките украси по бандерите се малку или воопшто не се забележуваат.
Улиците во центарот на градот не само што немаат украси туку и поради мерките за штедење се во делумен мрак. Осветлувањето доаѓа само од едната страна од бандерите, од билбордите или од излозите кои гледаат кон улицата.
Само билбордите имаат насмеани лица на рекламите за новогодишните купувања.
Светлечките украси по бандерите се малку Фото: Маја Јаневска-Илиева
Улиците во центарот на градот се во делумен мрак Фото: Маја Јаневска-Илиева
Улиците во центарот на градот се во делумен мрак Фото: Маја Јаневска-Илиева
Билбордите со насмеани лица за шопинг Фото: Маја Јаневска-Илиева
Осветлувањето за пешаците доаѓа само од излозите Фото: Маја Јаневска-Илиева
Улицата Македонија непрепознатлива за овој период од годината Фото: Маја Јаневска-Илиева
Кон Музејот на град Скопје скоро целосен мрак Фото: Маја Јаневска-Илиева
Темно е и кај подвозникот за Црниче Фото: Маја Јаневска-Илиева
На најпознатата пешачка улица во Скопје, „Македонија“ не само што нема украси туку во делот кон Музејот на град Скопје скоро да владее целосен мрак. Поеднакво е темно и на целата улица „Св. Кирил и Методиј“ и подвозникот за Црниче.
На плоштадот „Македонија“ се монтира големата елка во центарот на тоа што ќе биде винтерленд. Но најсилното светло е она од огромниот екран на кој одат реклами, поставен на фасадата на поранешната стоковна куќа.
Монтирање на новогодишната елка на плоштадот Фото: Маја Јаневска-Илиева
Фото: Архива/Маја Јаневска-Илиева
Монтирање на новогодишната елка на плоштадот Фото: Маја Јаневска-Илиева
Монтирање на новогодишната елка на плоштадот Фото: Маја Јаневска-Илиева
Монтирање на новогодишната елка на плоштадот Фото: Маја Јаневска-Илиева
Најсилно осветлува огромниот екран со реклами Фото: Маја Јаневска-Илиева