Бројни славни личности од светот на модата, филмот и на музиката, вчера ја следеа венчавката на британската принцеза Јуџини во капелата Сент Џорџ. Меѓу 800-те гости на церемонијата беа Наоми Кембел, Роби Вилијамс, Кара Делевин, Кејт Мос, Лив Тајлер, Деми Мур, Ели Гулдинг, Џејмс Блант… Принцезата Јуџини е ќерка на војводата од Јорк, Ендрју, и внука на британската кралица Елизабета Втора. Принцезата се омажи за Џек Брусбенк, застапникот на компанијата „Касамигос“.