Џозеф Катимбанг, познат под името Пантастикардс, е концептуален уметник од Калифорнија. Тој создава минималистични илустрации инспирирани од природата, кои ги преточува во надреалистична уметност. Неговите дела честопати се составени од две или повеќе различни теми споени во една и илустрациите имаат детали кои не секогаш се забележуваат на прв поглед.