Не почнуваме преговори со Бугарија, почнуваме со Европската Унија, а таму веќе нема гласања, нема вета од друг карактер.
Препукувањата околу уставните измени веќе ја втурнаа Македонија во политичка криза. Крајно време е најрелевантните политички чинители да најдат заеднички јазик во име на напредокот на целата држава, без разлика на сите пречки, подметнувања и неправди што ни ги нанесуваат нашите соседи. Сметам дека нема да има други барања, без разлика како ги нарекува опозицијата од свои лукративни причини, дека биле бугарски диктат.
Тоа не е точно, тие се сега диктат на Европската Унија и нам Европската Унија ни диктира, затоа што ние не почнуваме преговори со Бугарија, почнуваме со Европската Унија, а таму веќе нема гласања, нема вета од друг карактер. Ветото е дадено пред почнувањето на преговорите, кога ќе почнат преговорите веќе нема вето, вето можеме само ние сами да си дадеме.