КОМЕНТАРИ ОД ЧИТАТЕЛИ

565

Стојне Тодоровска – коментар на текстот „Како граѓаните да заштедат
и да се соочат со високите цени на производите и услугите?“

– Така е. Од леб ќе се откажат, месо и преработки од месо – секако, зеленчук, овошје… од јајца, млеко и млечни производи. Ќе се ориентираат кон јадење инсекти, корења, ѕидови, пластика, метал, стакло и куп пари ќе им останат да платат некоја сметка. Благодарност за одличниот совет.


Марјан Јаневски – коментар на текстот „Како надворешниот фактор
искреира наша институционална неспособност“

– Ние од почетокот имавме предавнички, измеќарски раководства без чувство за државност, кои само крадеа и чекаа некој друг да им ја заврши работата.


Трајче Малезанов – коментар на текстот „Во второ одделение ќе се изучуваат идентитети, во петто се спојуваат предметите Историја и Општество“

– Сѐ се уништува: економијата, земјоделството, индустријата, здравството и сите струки што ги имаше оваа прекрасна земја наречена Република Македонија, а сега дојде време да се растура и образованието да биде по теркот на Бугарија, за да се уништи македонскиот народ.


Гроздан Јовановски – коментар на текстот „Софија ќе усвои писмен документ со задачи од билатералниот договор со Македонија, најави наследникот на Генчовска“

– Вие сте проблем 30 год. Само да ве потсетам, ви реков дека Македонија многу брзо ќе биде во ЕУ. И ќе биде така. Вие сте брука за ЕУ.


Горазд Методиски – коментар на текстот „По децении, ризикот од нуклеарен конфликт се враќа“

– Како организација што повеќе не е за правичност кон сите народи и веќе ја губи својата улога, овие флоскули да си ги задржите за себе. И таму каде што се фрлени атомските бомби, таа држава сега е роб на сатанска Америка…!