Летни шеми и куп дилеми

Деновиве во земјата како да владее „колективна опуштеност“, која единствено е нарушена со вест за некој пожар или со вест пласирана од пропагандните штабови за некаква партиска анкета за моменталните рејтинзи на главните политички ривали во земјава! Партиите од власта и од опозицијата потрошија повеќе време за тоа кој каков рејтинг има меѓу народот отколку за драматичното обраќање до јавноста на главната обвинителка од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, и до амбасадите на САД и на ЕУ во земјава, во кое таа бара „странците“ да интервенираат и да спречат притисоци врз оваа институција!

Во Македонија деновите по илинденските празници секогаш го добивале оној препознатлив белег на мало „провинциско“ место во кое жителите, задремани во некоја ладовина, неволно го поминуваат времето и чекаат да поминат августовските горештини и да дојде првиот дожд, по кој полесно ќе се дише. Така е и оваа година, сета негативна енергија, која се собираше кај сите од нас од фамозниот француски предлог, предизвика бран од емоции и национални страсти искажани од нашите ни „водачи“ во нивните говори од историските места на Мечкин Камен, од Пелинце и манастирот „Прохор Пчињски“, до селото Ташмаруниште. Повиците за ново обединување во овие значајни мигови, кои како по некое непишано правило од осамостојувањето до денес се секогаш „судбоносни“, траеја кратко, исто толку кратко колку и времетраењето на телевизиските празнични прилози што беа емитувани, веројатно поради изобилството од говорници!
Деновиве во земјата како да владее „колективна опуштеност“, која единствено е нарушена со вест за некој пожар или со вест пласирана од пропагандните штабови за некаква партиска анкета за моменталните рејтинзи на главните политички ривали во земјава! Политичките партии од власта и од опозицијата потрошија повеќе време за тоа кој каков рејтинг има меѓу народот отколку за драматичното обраќање до јавноста на главната обвинителка од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, и до амбасадите на САД и на ЕУ во земјава, во кое таа бара „странците“ да интервенираат и да спречат притисоци врз оваа институција! Овој потег на јавен обвинител, кој во други демократски земји би бил причина и за низа оставки во највисоките судски органи, помина со препознатливиот начин на решавање сериозни проблеми во земјата, преку релативизирање на причините и со препознатливата формулација „сите прашања да се решаваат“ во рамките на институциите!
Граѓаните, кои и така имаат намалена доверба во судството, останаа неинформирани за вистинските причини за „конфликтот“ на првите луѓе во две најзначајни институции во земјата, кои треба да се борат против организираниот и финансискиот криминал во високите кругови на власта. За претставниците на стручната јавност, ова медиумско надмудрување на јавен обвинител и директор на финансиска полиција е само доказ за нефункционирање на државните институции и органи од областа на правосудството. Според мислењето на експертите, ова претставува одраз на длабоката партизација во земјата, која ги претвори институциите во алатки за политички пресметки меѓу партиите.

Барањето да се вклучат надворешни дипломатски претставници во решавање на еден внатрешен спор (а можеби и меѓупартиски и личен) е без преседан во сегашната судска пракса. Ова се случува во моментот кога се отвора скрининг-процесот за почеток на преговори на Македонија со Европската Унија, а со тоа може да се сврти фокусот на интересирање на Брисел во спроведување на потребните услови и критериуми за почеток на преговори. Во наредните две години, колку што е предвидено да трае скрининг-фазата, Македонија може да се најде во понеповолна позиција од таа што сега ни се претставува, преку примена на протоколот за добрососедство со Бугарија, во кој има многу слаби точки за македонската страна, а за што досега многу се пишуваше.

Претставниците на владејачката коалиција, засега недоволно добро ги сфатија пораките што се испраќаат од Европската Унија и премногу еуфорично влегоа во новата скрининг-фаза, за која сметаат дека претставува само регистар на области во кои би требало да се донесат одредени регулативи, во согласност со европската практика. Ако состојбите стојат толку лошо во област како што е гонењето на организираниот криминал, тогаш можеме и да претпоставуваме што сè ќе излезе на „рендген-снимката“ што ќе ни ја направат строгите европски набљудувачи, кои во следните месеци ќе го скенираат целокупниот македонски државен систем

Претставниците на владејачката коалиција, засега недоволно добро ги сфатија пораките што се испраќаат од Европската Унија и премногу еуфорично влегоа во новата скрининг-фаза, за која сметаат дека претставува само регистар на области во кои би требало да се донесат одредени регулативи, во согласност со европската практика. Ако состојбите стојат толку лошо во област како што е гонењето на организираниот криминал, тогаш можеме и да претпоставуваме што сè ќе излезе на „рендген-снимката“ што ќе ни ја направат строгите европски набљудувачи, кои во следните месеци ќе го скенираат целокупниот македонски државен систем. Политичките субјекти во земјава како недоволно да ја сфаќаат сериозноста во која се наоѓа нашата држава. Префрлањето на одговорноста за неспроведување или за кочење на преземените обврски за реален почеток на преговорите со Европската Унија, нема многу да помогне во реформирањето на нашето општество. Времето неповратно тече за Македонија и периодот од неколку месеци за скрининг-фазата брзо ќе помине. Тоа што треба без одложување да го направат сите релевантни политички фактори и институции во државата е да си направат сопствен „преглед“ за тоа колку можат да се подобрат во функционирањето во рамките на своите надлежности. Секој обид за одложување на промените или обидите сопствените слабости и грешки да се стават под тепих само ќе ја продолжи агонијата во која се наоѓаме со години и со децении.