Стоп за корупцијата, дезинформацијата и расизмот во врска со Македонија

Прилог кон политиките на Велика Британија, Австралија и Г7: Злоупотреба на науката за фалсификување на македонската историја

Проф. Ордан Андреевски, Австралија

Од независноста во 1991 година, Република Македонија е малтретирана и уништена европска демократија. Таа побара мир и соработка со Балканот, ЕУ, Г7 и остатокот од светот, вклучувајќи ја и Австралија, врз основа на заемна почит, вистина и етика. Државата ги покажа своите акредитиви како добар меѓународен граѓанин со почитување на меѓународните закони и со поддршка за донесување мир, правда и одржлив развој во светот.

Притоа Македонија се водеше од идејата дека земјите можат да го одредат сопствениот идентитет ослободен од надворешна принуда, која е централна во Повелбата на ОН, исто како и во надворешната политика на Велика Британија и на Австралија.

Во 2017 година, Македонија беше присилена од Г7 да ги промени своето име и нејзините врски со Античкото Македонско Кралство, и покрај демократските желби на македонскиот народ (искажани преку неуспешноста на референдумот). Понатаму, владејачките елити во Г7 арогантно одлучија да ги игнорираат фактите на теренот и неоспорните докази дека македонската цивилизација од праисториските времиња до денес е одвоена од грчката, бугарската, албанската и од српската култура.
Од нејзината независност во 1991 година, Г7 ја принуди Македонија да ги промени своето знаме и устав како дел од суровата и нехумана стратегија за евроатлантска интеграција. Ова е во спротивност со повелбите и конвенциите на ОН, меѓународното право и Повелбата за човекови права на ЕУ.

Злоупотреба на науката за фалсификување на македонската историја

Неодамнешното откритие дека Британскиот музеј конечно се разбуди во реалноста на долготрајниот грабеж на своите културни богатства во вредност од десетици милиони фунти, дава можност критички да се анализираат етичките одговорности на оваа 264-годишна лондонска институција и нејзиното мешање во геополитиката, расизмот и погрешното претставување, но и да се отвори уште еднаш македонското прашање во тој контекст.

Д-р Питер Џон Хигс, куратор на грчките колекции, скулптури и т.н. хеленистички период, бил идентификуван во британските извештаи за печатот како личност за која се тврди дека е одговорна за грабежот. На овој корумпиран куратор му било доверено да ги советува Британскиот музеј и неговите меѓународни соработници, како Националниот музеј на Австралија, за нивната политика за македонската цивилизација и нејзините артефакти.

Истиот куратор обезбедил поголем број стручни совети за изложбата на Антички Грци во Австралија и Нов Зеланд. Притоа Античкото Македонско Кралство е лажно претставено како Грчко Кралство. Наедно, преку голема низа украдени македонски предмети од денешни Македонија, Турција и Египет, изложбата погрешно ја претстави античката македонска цивилизација во корист на Античките Грци.

Античкото Македонско Кралство е погрешно претставено дека му припаѓа на хеленистичкиот период наместо на македонскиот период. Оваа форма на расизам ги негира македонскиот народ и неговата цивилизација, неговото право да бара сопственост, самоопределување и човекови права.

Ова го користат и хеленската држава и нејзината пропаганда, која добила на интензитет од 1913 година кога Македонија била поделена без согласност од домородниот македонски народ. Колонизаторите потоа почнаа да внесуваат голем број бегалци од Турција во окупирана Егејска Македонија во 1923 година и да ги преименуваат сите места и луѓе со хеленски имиња, со цел да тврдат дека Македонија е грчка и покрај историските докази.

Време е за нова стратегија

Оттаму, го изнесувам мојот предлог: Велика Британија, Австралија, Македонија и Г7 треба да изработат и да спроведат стратегија за спротивставување на системската корупција, дезинформации и расизам против македонската цивилизација, луѓето и државата Република Македонија.

Првата цел на стратегијата е да ги насочи сите овие влади со цел да се запрат сите случаи на системска корупција, дезинформации и расизам. Ова ќе им даде кредибилитет дома и меѓународно. Употребата и злоупотребата на очајната пропаганда мора веднаш да се прекине со преглед на сите владини политики. Оние што прават лажни и погрешни раскази и кампањи мора да бидат повикани и запрени. Одговорното управување мора да стане нов камен-темелник на прифатливото етичко однесување во слободниот свет.

Втората цел треба да биде да се обезбеди целосна поддршка за македонскиот народ во Република Македонија и во окупираните делови во Егејска Македонија во Грција и Пиринска Македонија во Бугарија. Ова може да започне со раскинување на токсичниот и илегален Договор од Преспа и на бугарскиот договор.

Истите земји што ја поделија Македонија во 1913 година мора да финансираат македонска комисија за правда по модел на Комисијата за правда на Јарук во Викторија. Ова ќе овозможи собирање моќни докази од домородниот македонски народ за системскиот расизам, неправда и штета што ги доживеале европските империјалисти и неоколонијалисти од Г7. Време е сите Македонци во светот да ја играат својата улога во кажувањето и собирањето докази потребни за трансформациска промена. Европските империјалисти мора да го признаат легитимното штетно влијание врз Македонија и нејзиниот народ. Само тогаш можеме да почнеме да градиме подобра иднина за Македонија и нејзиниот народ.

Зошто ова ќе функционира: најважните дејства што демократиите можат да ги преземат за да се спротивстават на корупцијата, дезинформацијата и расизмот е да ги реформираат сопствената легислатива и политичката култура со цел да бидат компатибилни со меѓународното право и етика. Антикорупциска, антиинформативна и антирасистичка стратегија ќе му сигнализира на светот дека тие и македонскиот народ повеќе не ги прифаќаат корупцијата, дезинформацијата и расизмот за Македонија.
Британскиот музеј треба да подготви сеопфатна листа на артефакти што ги има од Античкото Македонско Кралство, како се добиени и кога планира да им ги врати на нивните сопственици, домородните Македонци и Република Македонија.
Спротивставувањето на корупцијата, дезинформацијата и расизмот врз Македонија е исчезнатиот дел од посветеноста на Британија, Г7 и Австралија на меѓународниот правен поредок и нивната надворешна политика.

(Авторот е универзитетски професор во пензија и еден од тројцата директори
на Обединетата македонска дијаспора во Австралија)